ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Лесно е да бидеш херој во војна, тешко е да бидеш тоа во мир

October 10, 2022 14:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

11 октомври што македонската држава ќе го прослави утре, сигурно нема да биде еден од датумите што наскоро заеднички ќе се одбележува со Бугарите.

За да се случи тоа, ќе треба многу време за „администраторите“ да сфатат дека нè администрирале, ама со фашистичка чизма на нозете, а ние, администрираните да прифатиме дека некои од нас по „собствено желание“ сакале да бидат администрирани од администраторите, за и тие да се здобијат со некоја администраторска позиција.

Велам овој процес може да трае до недоглед само затоа што проблемот е во начинот на кој на Балканот  ги одбележуваме историските датуми од нашето минато, кое нели секогаш е славно, без ралика дали се работии за победи или за порази.

И тоа така си се одвива со децении. После секоја битка, секој си одел дома како победник.

Но времињата сега се нови, а и луѓето се други-и некогашните администратори, а и администрираните.

Границите на државите што го определуваа патриотизмот на народите во минатото, исчезнуваат. Децата и внуците и на победниците и на поразените, на освојувачите и на поробените од славните минати времиња минуваат секојдневно на другата страна од границата, која од ден на ден е се помалку „друга“.

Некогаш завојуваната Европа се обедини, ги тргна бариерите и рапмпите на граничните премини, создаде еден пазар, заедничка надворешна политика, една валута.

А ние сè уште на митинзите и прославите говориме за славното минато на нашите дедовци и прадедовци фалејќи се со храброста на нашите татковци кои точно, се бореа за себе, но и за нас. Тие тогаш пред себе имаа свој непријател и тоа го правеа на начин и средства кои им стоеја на располагање.

Нападот на Участакот освен во учебниците, сакаме и преку долгите поводни говори на политичарите и преку јавниот дискурс да им го конзервираме и да им го вметнеме во колективната меморија на младите, но се чини дека во нивната рам меморија нема место за тој фајл и системот не го препознава.

Светот одамна се глобализирал. Интернетот им отвори работни места на начин да седат дома а да работат за некогашни „фашисти“, за поранешни „империјалисти“ и да заработуваат десет пати повеќе од своите татковци. И веројатно ним (на татковците) за тоа не им е жал, напротив се гордеат со нив.

Оттаму дајте на 11. Oктомври и на сите други зимски и летни празници, да не го забораваме  нападот врз Участакот во Прилеп, ниту првата пушка во Куманово, но пред сè да говориме за нашите предизвици, и за нашите битки што ни претстојат.

Новите генерации треба да се подготват  да го „нападнат“ и да го освојат Брисел, Стразбур и цела ЕУ, со она што им стои на располагање-умот и цивилизациските вредности.

На тој пат и тие ќе се сретнат и со Бугарите, и со сите други од историјата на нивните татковци, но сега не за да војуваат туку да соработуваат. А за тоа треба и мудрост и храброст.

Патриотизмот и сега постои, тој е природно вметнат во гените на граѓаните, но има друга појавна форма.

Некој мудрец некогаш рекол: Лесно е да си херој во војна, тешко е тоа да бидеш во мир.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

Next Post

Мирен протест на Здружението „Лесја Украинка" во близина на руската амбасада

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk