ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Скопје ќе има парно без разлика дали ќе работи ТЕ-ТО или не

October 10, 2022 15:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Топлинска енергија од 15 октомври ќе има за сите потрошувачи во град Скопје без разлика дали ќе работи или нема да работи когенеративната електрана ТЕ-ТО, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Ако не работи ТЕ-ТО во делот на производство на електрична енергија со чиј нус производ се обезбедуваат 60 до 70 отсто од производството на топлинска енергија за градот Скопје топланите Исток и Запад со набавката на гас ќе ја покријат целата потрошувачка во делот  на топлинска енергија која ја има во градот Скопје. Ако работи ТЕ-ТО топланите Исток и Запад ќе работат со помал интензитет, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање по официјалното пуштање во употреба на соларната електрана на ГЕНИ со капацитет од 17 мегавати лоцирана во светиниколско Амзабегово.

Нагласи дека со моменталните цени на електричната енергија на регионалната берза ХУПЕКС на компаниите кои се на слободниот пазар им е поевтино да набават струја од увоз отколку да ја произведе ТЕ-ТО.

Ако ја земеме во предвид моменталната цена на природниот гас од 1500 евра за 1000 нормални кубни метри, цената на производство на електрична енергија од ТЕ-ТО ќе биде околу 280 евра по мегават час. Цената, пак, на берзата на ХУПЕКС моментално е 200 евра за мегават час што значи дека на компаниите на слободниот пазар им е подобро да увезат струја отколку да ја преработи ТЕ-ТО, прецизира Бектеши.

Посочи дека јавно ги повикал одговорните во топланата Скопје Север, која е во стечајна постапка, да се обратат до ЕСМ за набавкана природен гас.

Ако имаат законска можност можат директно да се обратат и до Макпетрол за набавка на гас, рече Бектеши.

Нагласи дека како одговорна Влада до Собранието веќе доставиле измени на Законот за стокови резерви со цел да се обезбедат алтернативни енергенси доколку има проблеми во снабдувањето со гас поради последните настани во војната во Украина.

Со Република Бугарија имаме договор да не се затвораат прекуграничните капацитети за електрична енергија што е многу важно за стабилноста на електроенергетскиот систем во нашата држава. Голема работа заврши и премиерот Димитар Ковачевски со бугарскиот претседател Румен Радев со која е договорено до крајот на неделава да се зголемат капацитетите на постојниот гасовод што го имаме со Бугарија за да можеме да користиме и други извори во делот на снабдување со природен гас, истакна Бектеши и како алтернативни ги посочи ЛНГ терминалите во Грција и во Турција.

Next Post

Ивановска: Ковачевски уредно пријави сè што поседува, нема основа за покренување постапка за „Броило“

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk