Најмалку десет луѓе загинаа, а приближно 60 се повредени во руските ракетни напади во Украина, соопшти украинската полиција.
Руските сили утрово во координиран ракетен напад погодија неколку украински региони, вклучително и градовите Кијив, Лвив и Харкив.
Во меѓувреме украинското воено разузнавање соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин денешниот напад го наредил на почетокот од месецот.
На 2 и 3 октомври, руските окупациски сили добија наредба од Кремљ да подготват масовни ракетни напади врз украинската цивилна инфраструктура. Воените единици за стратешки и воздушни напади со долг дострел добија наредба да подготвуваат напади. Критичните цивилни инфраструктурни објекти и централните делови на густонаселените украински градови се идентификувани како цели, с
е посочува во соопштението на украинското воено разузнавање.
Претходно Путин изјави дека денешните напади врз Украина се извршени како
Претставници на Европската унија ги осудија денешните ракетни напади на руската армија врз цивилни цели во Украина
„Ова што се случува сега во Кијив е одвратно. Повторно пред светот се покажува режимот со кој се соочуваме: Оној што гаѓа неселективно. Оној што сее ужас (и) смрт врз децата“, објави преку Твитер претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.
Порака преку Твитер со слична содржина објави и европскиот комесар за заедничка надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.
„За ваквите дела нема место во 21 век. Ги осудувам со најостри можни зборови. Ние стоиме со Украина. Дополнителна воена поддршка од ЕУ е на пат,” твитна тој.
Еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс, кој се наоѓа во Кијив, објави дека побарал засолниште во подрум на еден хотел.
„На безбедно сме и чекаме развој на настаните“, се посочува во неговата објава.








