ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

(ВИДЕО) Зеленски: Русите намерно гранатираат во сообраќајниот пик во утринските часови за да убијат што повеќе луѓе

October 11, 2022 09:48
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

По жестоките вчерашни руски ракетни напади врз цивилни цели во големи градови во Украина, претседателот Володимир Зеленскиј ноќеска повторно ја нагласи волјата на неговата земја да се спротивстави.

Во вчерашните ракетни напади загинаа 14 лица, а 97 беа ранети, соопштија службите за итни случаи, додека цел на нападите беа крстосници, паркови и туристички места.

Експлозии беа пријавени во Кијив, Тернопил и Житомир во западна Украина, Днипар и Кременчук во централна Украина, Запорижја на југ и Харкив на исток, соопштија украинските власти.

Десетици крстосувачки проектили ја нападнаа земјата од воздух, копно и море, во најширокиот бран воздушни напади од почетните напади на првиот ден од војната на 24 февруари, во кој беа погодени цели што се далеку од линиите на фронтот.

Украина не може да биде заплашена. Наместо тоа, ние сме уште пообединети, рече Зеленски во неговото редовно ноќно видео обраќање до сограѓаните од Кијив.

„Ќе направиме сè за да ги зајакнеме нашите вооружени сили“, рече тој во доцното ноќно обраќање.

Воиштето за непријателот ќе биде уште поболно, додаде тој.

Украинското Министерство за одбрана во синоќа соопшти дека Русија извршила најмалку 84 ракетни и воздушни напади, а украинската противвоздушна одбрана уништила 43 крстосувачки ракети и 13 беспилотни летала.

Говорејќи од оштетената крстосница кај Универзитетот во Кијив, а не од неговата силно обезбедувана претседателска канцеларија, како што тоа вобичаено го прави, Зеленски ноќеска кажа дека во и околу Универзитетот во Кијив има само цивилни цели и дека нема никакви воени објекти, за кои Русија соопшти дека ги гаѓа.

Окупаторите не можат да ни се спротивстават на бојното поле и затоа го продолжуваат теророт, рече Зеленски.

Во многу градови, додаде тој, службите ги поправаат расипаните далноводи и снабдувањето со вода. „Ќе бидат потребни уште неколку часа.

Украинскиот лидер ги повика граѓаните „разумно да ја користат струјата“ што е можно повеќе.

Колку повеќе Украинците штедат електрична енергија, толку постабилно ќе работи мрежата, рече тој.

Според Зеленски, нападите биле намерно извршени за време на сообраќајниот пик во утринските часови за да се убијат што повеќе луѓе и да се прекине електричната енергија.

Еден ден по разорните ракетни напади во Украина, утринава во Кијив и во неколку други региони повторно се огласија сирените за воздушен напад, јавија украинските медиуми. Запорижја повторно е цел на руски ракетни напади, а во украинскиот град Виница е погодена термоцентрала од камикази беспилотни летала.

Покрај Кијив, сирените се огласија и во регионите Запорижја, Чернихив, Виница, Одеса, Суми и Днепар, јавуваат украинските медиуми.

Во меѓувреме, шефот на украинската регионална воена управа на Запорижја, Олександр Старух, на каналот Телеграм напиша  дека руските сили истрелале ракети врз регионалниот центар и „целеле врз инфраструктурни објекти“, пренесува Укринформ.

Шефот на регионалната воена управа во Виница Серхиј Борзов изјави дека две беспилотни летала „Шахед-136“ ја погодиле термоелектраната Ладижин.

Next Post

Ковачевски: Нека ни е честит и вековит Денот на народното востание, обединети, на вистинската страна продолжуваме напред!

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk