ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Вмровска класика

October 18, 2022 10:43
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Во медиумите блиски до политичката десница, но и во оние што „се продаваат“ како неутрални и објективни, редовно се појавуваат прилози со наслови во кои се цитираат владините претставници. Браво, тоа може да се каже дека е напредок. Навидум, се работи за едноставно пренесување на информации, една секојдневна медиумска рутина. Но дали е навистина така?

Малку повнимателните читателки и читатели ќе забележат дека во тие медиумски прилози, сепак, има нешто повеќе. На пример, се пренесува дел од изјавата што има споредно значење, намерно и без неопходната обработка. Во насловот се става маргинален дел од информацијата или изјавата, а по можност се доведува во форма што, барем на прв поглед, изгледа апсурдно и погрешно. Во комбинација со фотографија на која цитираниот изгледа лошо или смешно, добиваме нешто повеќе од вест. Опишаната ситуација е типична за манипулативни и пропагандни медиумски прилози.

Пропагандата е најуспешна кога е невидлива

Медиумите се преполни со пропаганда „камуфлирана“ во вести. Градат имиџ на објективни и неутрални медиуми (што и да значи тоа), а спроведуваат суптилна и скриена кампања од која, практично, нема одбрана. Се однесуваат како огласна табла, со таа разлика што врз „огласите“ за политичките противници им се покриени со дебели дамки од кои човек посакува да го тргне погледот. Притоа, ја задржале својата политичка „неутралност“.

Со таквите медиумски прилози во кои се пренесуваат делови од изјави на начин што тие ништо не значат, се нанесува долготрајна и континуирана „тивка“ штета на политичкиот противник. Освен тоа, страда и вистински објективното информирање, односно се загрозува јавниот интерес. Воедно, „балансот“ е постигнат, објавени се „двете страни“ (власт и опозиција).

„Вмровска класика“ – ми вели пријателот екс-вмровец додека пиевме еспресо утринава на тврд скопски, кој морам да го преведам овде. „Сето тоа се смислува во партиска централа. Ништо не можеш да им кажеш, само тие кажуваат што и како треба да се мисли, зборува и пишува.“ Знам, му велам.

ПС. Познат факт: Пропагандата е најуспешна кога е невидлива.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Владата го усвои договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

May 20, 2025

Меџити: Прв пат по 20 години Владата имаше храброст балансерот да го замени со закон за правична застапеност

May 20, 2025

Уставниот суд го укина членот кој предвидува при унапредување на обвинителите да се цени и работењето како членови на Советот на ЈО

May 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Матурант пронајден починат кај Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk