ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ КОМЕНТАРИ

Со истите автобуси ЈСП протестираше и во 2015 пред СДСМ, дали истите сценаристи злоупотребуваат јавно добро и тогаш и денес?

October 20, 2022 09:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со истите автобуси на ЈСП со кои вчера неколкумина возачи во ЈСП се појавија на политички исценираните протести пред Владата, во 2015 година се појавија да протестираат пред седиштето на СДСМ, кога партијата беше во опозиција, а во позадина на протестот тогаш стоеше ВМРО ДПМНЕ. Ако се споредат фотографиите од вчера и од пред седум години станува јасно дека неколкуте автобуси како да се резервирани за протести, особено за оние политички-партиско мотивирани, каков што беше и вчерашниот пред Владата. Со еден збор, истите партиски структури и тогаш и сега стојат зад протестите, тогаш пред СДСМ, сега пред Владата.

Имено, вчера само малкумина излегоа да протестираат, директорот на ЈСП, Александар Стојковски, кој мораше да се појави за да не биде санкциониран од својата шефица Данела Арсовска, Зоран Глигоров, секретарот на Град Скопје, за кого не е јасно зошто отишол на проестот освен што послушал наредба од градоначалничката. Протестие повеќе испаднаа протести на Арсовска против Владата, отколку протести со револт на вработените кон Град Скопје, какви што впрочем треба да бидат.

Да не знаеше јавноста што стои во позадина на ваквиот протест граѓаните ќе прашаа зошто градоначалничката Данела Арсовска не го спречила ваквиот начин на протест, зошто не ги седна вработените во ЈСП и со нив да договори како да се надмине проблемот со празната градска каса и како да им излезе во пресрет и да им обезбеди плата? Затоа се наметнува потребата од одговоност кај Арсовска и кај директорот на ЈСП кои практично со јавни пари застанаа против граѓаните. Цел ден предизвикуваат хаос во сообраќајот, а граѓаните го совладуваат метежот видно нервозни.

Значи вчера во Скопје имавме ситуација како малкумина вработени во ЈСП користат автобуси од јавниот превоз купени со пари од граѓаните, користат гориво купено со пари на граѓаните, а протестот го претворија во блокада на истите тие граѓани кои издвоиле да се купат автобусите и горивото. Вака вработените во ЈСП нема да ја постигнат целта и нема да ја придобијат јавноста на нивна страна. Тие и самите знаат дека за лошата финансиска состојба во нивната фирма вината е во Градот Скопје, поточно кај градоначалничката Арсовска, па затоа таму е вистинската адреса на која треба да протестираат и да си ги бараат парите. Не може своите пари да ги бараат со неодговорно трошење на јавните пари.

Д. Е.

Next Post

Чешката Амбасада организира конференција „Можности за проширување“

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk