ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Автобуси на ЈСП и утрово паркирани пред Влада, градоначалничката Арсовска и Град Скопје го блокираат градот

October 21, 2022 11:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Автобуси на ЈСП ја блокираат улицата пред Влада 21 октомври 2022, 9:30 часот фотографија: Дехран Муратов / ЦивилМедиа

Автобуси на ЈСП ја блокираат улицата пред Влада 21 октомври 2022, 9:30 часот фотографија: Дехран Муратов / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Откако автобусите на ЈСП, по најавата дека се обезбедени пари за исплата на нивните септемвриски плати, денеска се вратија на улиците во Скопје, неколку автобуси, кои во организација на раководството на ЈСП беа паркирани на „Илинденска“ пред Владата во средата, и утрово останааа пред зградата на Владата.

Со ова, градоначалничката Данела Арсовска и Град Скопје самите го блокираат сообраќајот во главниот град, бидејќи автобусите го блокираат булеварот и во сообраќајниот шпиц се прават километарски колони, што создава  нервоза кај возачите, кои тешко стигнуваа до своите работни места.

Автобусите на ЈСП денеска се вратија на улиците по вчерашната одлука на Советот на Град Скопје да се пренаменат пари со цел исплата на платите на вработените во ова скопско јавно претрпијатие.

Градот вчера пренамени над 2 милиона евра за ЈСП „Скопје“ од други ставки во буџетот, а вработените денеска треба да ја добијат септемвриската плата.

Градоначалничката Данела Арсовска изјави дека парите што се пренаменети за плати се замена за парите што на јавното претпријатие му ги должат Владата односно Министерството за образование и општините и ги повика во најкус можен рок да ги исплатат.

Владата нема ни денар долг кон Град Скопје, вели советничката во Град Скопје од СДСМ, Љубица Јанчева во вчерашната „24 анализа“ на ТВ24.

„Владата има законска обврска да овозможи бесплатен превоз на средношколците. Таа обврска е реализирана 100 отсто поради што Владата кон Град Скопје има 0 денари долг. Тие пари како блок-дотации се составен дел од програмата за средно образование, која ние како советници ја усвоивме“ рече Јанчева.

Вчера во „Клик Плус“ на ТВ21 вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кажа дека му е жал за ЈСП и дека вината не треба да се гледа во Владата, туку во самата структура на ЈСП.

Извор: Цивил Медиа

Next Post

Костадинов: Мојата визија за Струмица е да бидеме првиот град во државата со целосно електричен јавен превоз

Најново

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026
Фото: СДСМ

Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ

April 26, 2026

Нов прирачник на „ЕУ за општините“: Како локалните власти поефективно да комуницираат со граѓаните за данокот на имот

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk