Одговорноста на новинарската професија, регулативите, донесување на правни механизми за заштита на медимските работници, борбата со лажни вести, беа дел од темите на разговорот со Павле Беловски, претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).
Белов, кој пред шест години беше физички нападнат вршејќи ја професионалната должност, вели дека измените на Кривичниот законик со кои нападот врз новинари ќе биде напад врз службено лице треба итно да се изгласаат. Според него, се бележи поголема слобода на новинарите во рамките на редакциите, но голем проблем се ниските плати во оваа професија. Тој е оптимист во борбата со дезинформациите, но смета дека личната етичност и свеста на тој што пренесува лаги, е пресудна. Новинарите, според Беловски имаат голема одговорност во едукацијата на јавноста, а оние колеги кои ги кршат професионалните кодекси треба да наидат на осуда од фелата.
„ Да се навратам малку на генезата на проблемот, односно каде е потребата итно да се изгласаат измените на Кривичниот законик. Ние во минатото имавме состојба кога новинар можеше да биде нападнат, плукнат, тепан, а сето тоа да помине неказнето. Тоа беше инструирано од власта која на тој начин се пресметуваше со новинарите. Секогаш го исклучувам персоналното, тогаш кога јас бев нападнат, беше нападната нашата професија. Тогаш ЗНМ и Синдикатот, предложи со интервенција во членот на Законот за службени лица во иднина кога ќе биде нападнат новинар, Обвинителството веднаш да постапи по кривично дело. Укажавме на сите релевантни фактори и натаму чекаме овие измени да се изгласаат“, вели Беловски.
Белов потенцира дека во однос на работничките права, загрижува тоа што оваа е професија е потпросечно платена и медумските работници се малку информирани за нивните права.
За дезинформациите тој коментира дека најголема саморегулацијата подрзбира да бидеш човек.