Долго го чекавме овој нов европски ентузијазам, објави на Фејсбук вицепремиерот Маричиќ.
„Ние испорачуваме реформи и продолжуваме уште повеќе посветени на нашиот европски пат. Знаеме што правиме и со која цел – за сигурен и добар живот на сите наши граѓани. Сега гледаме дека и ЕУ испорачува. ЕУ ни помага во енергетската криза и во реформите, во клучен момент“, истакна во објавата Маричиќ.