Денес започнува исплатата на октомвриските пензии, пензионерите можат да располагаат своите пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Пензионерите кои не користат картички можат да си ги подигнат своите пензии
во четири групи според распоред составен согласно висината на пензијата и тоа:
- За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 31.10.2022 година (понеделник);
- За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 01.11.2022 година (вторник);
- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 02.11.2022 година (среда) и
- За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 03.11.2022 година (четврток).





