ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: МТСП директно учествува во обезбедување на услуги за рана интервенција кај децата

October 31, 2022 12:36
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на настанот по повод презентација на наодите од „Анализата на состојбата со раната интервенција кај децата во Северна Македонија“, изготвена во соработка со канцеларијата на УНИЦЕФ во партнерство со Филозофскиот Факултет во Скопје и “RISE Institute” Washington D.C.

Министерката истакна дека заложбата за раниот детски развој за секое дете, а особено на децата со попреченост и обезбедувањето на социјалните и здравствените услуги е клучната инвестиција која обезбедува квалитетен и инклузивен живот во подоцнежните години.

„Реформите во социјалната заштита обезбедија широк влез на сите заинтересирани професионалци кои работат на полето на попреченост да го дадат својот придонес во развој на потенцијалите и капацитетите на детето и неговото семејство. Учеството на Министерството за труд и политика во политиките на рана интервенција вклучува активности кои директно ги засегаат децата, како и оние кои индиректно ги засегаат нивните семејствата. Обезбедена е законската рамка за развој на социјални услуги за индивидуален и групен третман, постои мрежа на дневните центри за деца и лица со попреченост од државни и приватни даватели на услуги, а исто така со помош на Делегацијата на Европската Унија отпочнат е процес на осовременување на Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Центар за социјални услуги. На овој начин, Министерството за труд и социјална политика, директно учествува во обезбедување на услуги за рана интервенција,“ рече Тренчевска.

Министерката посочи дека под водство на Министерството за труд и социјална политика, а заедно со колегите од Министерството за здравство, од Министерството за образование и наука, како и од Националното Координативно тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост изработен е  Правилник за функционална проценка.

„Верувам дека во Република Северна Македонија имаме добра основа за услуги за рана детска интервенција, но потребни се дополнителни напори за развој на програми за рана интервенција кои обезбедуваат квалитетни, ефективни и подеднакво достапни услуги кои се однесуваат на потребите на децата, приспособени според возраста на детето и околностите во кои индивидуални деца живеат и се обезбедуваат во семејството. Затоа, услугите за рана детска интервенција треба да се гледаат како услуги со висок приоритет со главна цел да се развијат координирани и мулти – секторски стратегии засновани на правата на децата. Не смееме да заборавиме дека детската насмевка не смее да зависи од неговата/нејзината тешкотија, туку од можностите што општеството ги дава и овозможува,“ рече Тренчевска.

Таа се заблагодари за можноста да биде дел од овој настан и потенцираше дека сеопфатната анализа ќе помогне да се разбере состојбата на национално ниво на системот за рана интервенција кај децата, како и дека ќе даде насока за  изготвување на решенија за зајакнување, подобрување и проширување на поддршката на националниот систем.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ковачевски за „BBC“: Обезбедивме почеток на преговори со ЕУ со потврден чист македонски јазик и идентитет

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk