На 21 февруари во Основниот кривичен суд во Скопје е закажан стартот на судскиот процес за организаторите на настаните од Собранието од 27 април 2017 година, изјавила обвинителката Вилма Рускоска во судинцата на рочиштето за Рекет, пренесува 360 степени.
На 21 февруари на обвинителна клупа во судница ќе седнат поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и бившиот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Во истрагата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупција беа опфатени и избеганиот експремиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошкоски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни за македонските органи.







