ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Ковачевски за ИРЛ: Со новата технологија на „АКИО Енерџи“ на земјиштето во Штип ќе може да се произведуваат земјоделски култури

November 4, 2022 08:16
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Француската компанија „АКИО Енереџи“ во Штип којашто ќе ја гради фотоволтаичната централа во Штип инвестира во агро-волтаици што претставува можност за одгледување на земјоделски култури на тоа земјиште“, посочи премиерот Димитар Ковачевски, во вечерашната емисија „Разговор во редакција“ на истражувачката лабораторија ИРЛ.

„Се работи за земјиште кое од страна на Владата на премиерот Груевски беше откупено од земјоделци и пренаменето за изградба на карго аеродром. Тоа е истото тоа земјиште. Кога градите карго аеродром тоа значи 100% бетон. Но, земјиштето кое е во тој дел од прва класа нема да биде опфатено со фотоволтаичната централа, туку тоа ќе биде вратено на земјоделците. Тоа земјиште е пренаменето и врз основа на меѓународната финансиска корпорација која е дел од Светска банка има направено анализа, кои сметаат дека доколку се прави градба на тоа земјиште со оглед на позиционираноста, наклонот на земјиштето, сончевата инсулација која ја има на тој регион на државата, најдобро е да се направи електрана за производство на електрична енергија. Врз основа на Законот за стратешки инвестиции, интерес пројави француски „АКИО Енерџи“. Се работи за реномирана светска корпорација којашто има над 1.400 мегавати инсталирани и веќе над 7.000 проекти кои ги работи. Дел од нив, 1.000 мегавати се во Грција коишто предвидуваат да се изгради фотоволтаична централа којашто ќе биде врз основа на нивно патентирано решение коешто се вика „АГРО – Волтаик“. Тоа значи дека во исто време врз основа на модулот којшто тие го имаат патентирано и системот за изработка да се постави централа во исто време да се произведува електрична енергија но и да се обавуваат одредени земјоделски култури на истото земјиште и тоа може да се провери кај нив на нивната веб страна“, рече премиерот Ковачевски.

Притоа, премиерот Ковачевски посочи дека стручниот тим на Владата којшто го предводи вицепремиерот Битиќи е веќе во комуникација со менаџментот „АКИО Енерџи“ во однос на модалитетите на договорот кои ќе бидат преточени во законско решение за оваа стратешка инвестиција, што ќе биде доставено и до јавноста и до пратениците на одобрување.

„Тие веќе разговараат и со дел од земјоделците во тој регион во однос на тоа какви култури може да се одгледуваат во концептот којшто тие го планираат и којшто планираат да го инсталираат во тој регион. Дополнително компанијата планира да направи договор со универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, со оглед на тоа дека сакаат да обучуваат кадри кои ќе можат дополнително понатаму да го развиваат и агри волтаикот и земјоделските култури кои таму би се одгледувале како и целиот систем за негова надградба и одржување. Тоа е концептот кој се однесува на „АКИО Енерџи“. Се работи за едно ново решение кое една реномирана светска компанија го има понудено и која преговара со Владата за негова изградба. Инвестицијата е околу 350 милиони евра“, потенцираше премиерот Ковачевски.

 

Next Post

Пчеларски саем на плоштад „Македонија“ во Скопје

Shortcut

Најново

Со прекугранична вело-тура околу Охридското Езеро успешно заокружени активностите за Денот на Европа 2026

June 8, 2026

СДСМ: Фронтот за вистина и правда е повик за надпартиско обединување за иднината на државата

June 8, 2026

Мицкоски: Ќе сториме сè за да им помогнеме на извозно ориентираните компании во реализација на нивните амбиции

June 8, 2026

Дејан Дуковски во фокусот на „Војдан Чернодрински“: Од Прилеп се лансирав како автор

June 8, 2026

Герасимовски: „Центарска симфонија“ во сабота , оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на Скопје

June 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk