Косово утре ќе бира нова Влада. Партиски функционери од „Самоопределување” и Демократскиот Сојуз на Косово денеска имформираа дека се чекор до конечниот договор и истиот, според официјални извори на двете пртии, утре ке биде официјализиран и со седница за изгласување на новата Влада која ке биде предводена од Албин Курти, лидерот на Движењето Самоопределување.
Извори од двете партии ги информирале локалните медиуми во Косово дека договорот предвидува по 6 министерства за двете најголеми партии, едно министерство за помалите етнички заедници и две министерства за српската заедница.
Според овој договор, Курти ке биде Премиер, а кандидатката за премиерка на Демократскиот Сојуз на Косово ќе биде Претседателка на Собранието.
Оваа место денеска го отстапи Глаук Коњувца кој бил избран пред неколку недели, а сега тој е номиниран за Министер за Надворешни Работи. На оваа место пак, бил предвиден Блерим Река кој на последните претседателски избори во нашата земја беше кандидат на албанската опозиција. Но, од „Самоопределување“ брифираат дека Река нема да остане без позиција туку ќе седне на заменичкото место во МНР на Косово.
А. Зеќири