ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Кампањата 16 дена активизам“: Сите имаме должност за жените и девојчињата да бидат безбедни и онлајн и офлајн

November 25, 2022 15:37
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
Фото: илустрација

Фото: илустрација

Share on FacebookShare on Twitter

Препознајте, блокирајте и пријавете дигитални и други форми на насилство врз жените и девојчињата е годинешното мотото на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство” што ќе почне денеска во 18 часот, со настан во Градскиот Трговски Центар, одбележувајќи го Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и девојчињата.

Со овој настан, семејството на Обединетите Нации, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје официјално ќе ја започнат кампањата “16 дена активизам”, која традиционално се спроведува заедно со многу други национални и меѓународни партнери и претставници на граѓанското општество.

„16 дена активизам” е меѓународна кампања што се одржува секоја година, почнувајќи на 25 ноември на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, а завршувајќи на 10 декември, Денот на човековите права. Покрај централниот настан во Скопје, во рамки на кампањата се организираат многу други настани низ земјата, вклучувајќи и презентации, обуки, филмски фестивал како и панел дискусии.

„Насилството врз жените и девојчињата останува широко распространето и уништувачко кршење на човековите права. Тоа постои во секоја земја, во секоја култура и заедница. Без исклучок. Во 21-от век“, вели амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија.

Бројките, додава тој, се вознемирувачки. Една од три жени на возраст од 15 и повеќе години доживува физичко и/или сексуално насилство. Жените се таргетирани дома – а за време на пандемијата насилството само се зголеми; на нивното работно место, во училиштата и универзитетите, на улица, во миграцијата и сè повеќе и повеќе онлајн – преку сајбер насилството и говорот на омраза.

Фокусот на овогодишната кампања во Северна Македонија ќе биде токму на зголеменото дигитално насилство.

„Технолошкиот напредок им овозможи на сторителите на насилството врз жените да ги извршат своите злосторства на безбедно растојание. Секој може да биде навредлив од удобноста на својата фотеља, криејќи се зад екранот и зад анонимниот профил и речиси секогаш без никакви последици. Речиси како видео игра“, вели Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Тој ги повика сите доколку забележат нешто, да преземат нешто.

„Препознајте, блокирајте и пријавете го дигиталното и секоја друга форма на насилство врз жените и девојчињата! Само преку кревањето на гласот ќе можеме да го направиме реалниот и онлајн светот, побезбедно место за жените и девојките“, нагласува Вал.

Што е #16Денови на активизам? Тоа е повик за акција и потсетување дека насилството врз жените и девојчињата е најраспространетото кршење на човековите права во светот.

-Кога зборуваме за насилството врз жените и девојчињата, мора да зборуваме за огромната штета која тоа ја нанесува на сите нас, истакнува Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Северна Македонија.

Таа додава дека мора да се создаде безбедна социјална средина што им е потребна на сите жени и девојки, со тоа што ќе се погрижат секој случај да биде пријавен и третиран со соодветна поддршка, не само од релевантните институции, туку и од заедниците.

-Потребна ни е политика на нулта толеранција на насилството врз жените и девојчињата, како на работа, така и дома, во училиштата, офлајн, онлајн и насекаде. И на крај, најважното е сите да се приклучиме, вели Дуџак.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: МИА

Стојчевска на отворањето на новите простории на бугарскиот КИЦ во Скопје: Уметничката креативност нека биде поле за културен натпревар во кој победник е културата

НАЈНОВО

Фабриката „Винчини“ во Виница зафатена од пожар

September 6, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ на протест во Кочани: Бараат правда и брза судска одлука

September 6, 2025

Малолетник се сомничи за обид за убиство на таткото

September 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски и Дарио Панковски: На 13 Септември голем концерт во Паркот на франкофонијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Бујар Османи: Или сме во ЕУ, или стануваме дел од српско-рускиот свет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk