Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ го доведе во колапс јавниот превоз и создаде хаос во функционирањето на Град Скопје. Новата работна недела Скопјани ја започнаа со сообраќаен метеж, блокирани улици. Приватните автобуски превозници не возат поради неисплатени милионски долгови од страна на Градот Скопје, се вели во реакцијата на СДСМ.
– Скопјани се приморани да ги користат само линиите на ЈСП, кои не се редовни што предизвикува нервози, доцнења на работа, на училиште, на факултет, на лекар. Поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје за првпат во историјата остана без јавен автобуски превоз. ЈСП се подлабоко тоне во долгови.
Додека јавниот сообраќај е во хаос никаде ги нема новите автобуси што ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги ветуваа, ниту ја има фабриката за електрични автобуси што шпицниот градоначалник Мицкоски ја најавуваше.Арсовска лани ги доби локалните избори токму со ветувањата за јавен превоз. Ветуваше брз, ефикасен и бесплатен автобуски превоз за сите граѓани. Наместо реализацијата на ветувањата, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска создадоа катастрофа во Град Скопје, реагираат од партијата.