ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Шаќири на координативен состанок со Делегацијата на ЕУ во Скопје за креирање на повеќе нови законски решенија

November 29, 2022 14:59
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

„Во насока на унапредување на правата и можностите на повеќе категории на граѓани во областа на образованието, МОН заедно со повеќе други институции, експерти, партнерски домашни и меѓународни организации, работи на креирање на повеќе нови закони. Наскоро ќе имаме нов Закон за стручно образование и обука, како и Закон за образование на возрасните. Тие се поставени на јавна консултација преку владиниот ЕНЕР систем, а имаме и првична верзија на новиот Закон за средно образование. Инклузивниот пристап кој го применуваме со сигурност ќе даде резултати, односно ќе овозможи усвојување на најдобрите верзии на правните решенија. “

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешниот координативен состанок со претставници на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија на кој се дискутираше за статусот на имплементација на проектните активности за реформи во секторот „Млади за ЕУ“, финансирани од Европската унија.

„Образованието е област на која сме особено посветени како Влада. Многу ресурси се сконцентрирани за унапредување на националниот образовен систем на сите нивоа и во сите сегменти. Делуваме од повеќе аспекти, преку подобрување на образовната инфраструктура, изработка на нови наставни програми и учебници особено во основното и средното образование, подигнување на мотивацијата на наставниците и креирање на нова законска регулатива која ќе надмине одредени бариери со кои сега се соочуваме“, рече Шаќири.

Министерот изрази благодарност до ЕУ, но и до УНИЦЕФ, УНДП, УСАИД, ОСЦЕ, Занаетчиската комора, Хелветас, стопанските комори, МЦГО и сите други домашни и надворешни поддржувачи кои учествуваат во креирањето и имплементацијата на политиките за развој на државата.

Tags: Европска УнијаобразованиеШаќири
Next Post

Избори нема, ама има ново практикување на политика со креирање на мерки меѓу народот, со народот и за народот

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk