ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

ССМ: Уставните судии да ја одбијат инцијативата за укинување на недела неработен ден

December 1, 2022 09:31
in ДЕНЕС, ПРАВДА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со денешната седница на Уставниот суд, Сојузот на синдикатите на Македонија апелира Уставниот суд да го поддржи договореното помеѓу социјалните партнери, недела да биде неработен ден за најголем број на работници освен за дејностите кои социјалните партнери ги определија како исклучоци поради неопходноста од континуирано одвивање на одредени производни процеси.

“Уставниот суд е должен да ја темели својата одлука на националните закони и меѓународните трудови стандарди кои се дел од националното законодавство, како и да води грижа за рамноправна положба на работниците и граѓаните во државата без дискриминација и со целосно  почитување на човековите права.

Потсетуваме дека и рефератот на овој предмет беше да не се поведе постапка, што значи Законот за измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кој се уреди правото недела да биде неработен ден да остане во правниот поредок и недела да остане неработен ден, а очекуваме ваквиот реферат, овој пат да биде поддржан едногласно од сите уставни судии имајќи во предвид дека претходниот пат одлуката не беше донесена поради потребниот кворум, но 4 уставни судии го поддржаа рефератот.

Положбата на работниците се уредува по пат на социјален дијалог на сите чинители во општеството , со закони и колективни договори кои имаат за цел континуирано унапредување на работничките права. „Во никој случај правата од работен однос во демократските држави не смее и не може да се креираат само врз основа на вољата и барањата на оние работодавачи кои се мотивирани само од својата желба за поголем профит , без притоа да се води грижа за остварување на  работничките  и човековите  права.

Сојузот на синдикатите на Македонија како репрезентативен си­ндикат и национален социјален партнер во државата беше иници­јатор и најголем под­држувач на законските измени со кои денот недела е уреден ка­ко неработен ден за најголемиот број на вработени во државата. Работниците веќе го чувствуваат бениф­итот од ова право, ден на неделен одмор да биде недела кое е уредено во законите ( ЗРО , Закон за тр­говија ) што е во целост согласно одре­дбите од Уставот на Република Северна Македонија со кои е уредено дека секој вработен има право на платен неделен и го­дишен одмор и дека од тоа право работниц­ите не смеат да се откажат, а работодава­чите не смеат да го ограничат.

Поради сето ова го повикуваме Уставниот суд да не ја прифати иницијативата  на Стопанската комора како спротивна на Уставот и да ги остави на сила одредбите од законските решени­ја со кои недела е неработен ден за најг­олем број на работни­ци и на тој начин да придонесе за зацврс­тување на правниот поредок и правната си­гурност на работници­те и граѓаните во др­жавата“ апелираат од ССМ.

Next Post

Маск очекува клиничките испитувања на безжичниот мозочен чип да отпочнат за шест месеци

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

August 5, 2026

Зделка без тендер или донација во криза? СДСМ и ВМРО во партиска пресметка за набавката на вода од компанијата на градоначалникот на Кавадарци

August 5, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk