ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

(ВИДЕО) Кордалов: Граѓаните се жртви на дезинфомрациите и лажните вести

December 8, 2022 20:01
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Бојан Кордалов, комуниколог/фотографија: Самуел Дебус, OK-TV Ludwigshafen

Бојан Кордалов, комуниколог/фотографија: Самуел Дебус, OK-TV Ludwigshafen

Share on FacebookShare on Twitter

Бојан Кордалов, комуниколог-специјалист за односи со јавност и нови медиуми, во интервју за ЦИВИЛ Медиа,  вели дека статистиката покажува дека нашата земја се соочуваа со голем број на дезинформации и укажува дека од исклучителна важност е граѓаните да можат да ги препознаат дезинформациите.

„Статистички гледано се соочуваме со голем број на дезинформации, тоа го говорат и истражувањата и фактите. Го гледаме и следиме секојдневно, но она што е најважно е секој граѓанин да стане свесен дека тие постојат меѓу нас и да можат да се препознаат. Еден дел од популацијата смета дека тоа е нешто страшно, а друг дел дека тоа е алатка за да се замолкне некој. Лажните вести штетат на секој од нас, бидејќи креаторите на лажни вести имаат своја цел, како на пр. дека не постои Ковид. Меѓутоа жртвата се граѓаните кои поверувале дека не треба да се тестираат или да примаат терапија”, вели Кордалов и додава дека демистификацијата и вклучувањето на секоја единка во оваа борба е единствениот успех.

На прашањето како со акција и дела да се справиме со предизвиците што ги носат дезинформациите и пропагандата тој вели дека треба да се збори почесто на оваа тема и тоа може да се постигне само доколку преку дијалог се вклучат луѓето во процесот.

„Еднаш за секогаш треба да сфатиме дека во една земја постојат луѓе кои мислат различно, тоа е нешто што го забораваме. Еве на најдиректниот жаргон во што се користи во нашата земја, бањати и небањати, а тоа е проблем. Не треба да се делиме и дискриминираме на било која основа, туку мора да најдеме начин дека за нашите животи се работи. Во една војна како што е војната во Украина, можете да имате различен став како човек, кому давате поддршка, меѓутоа како држава ние сме земја членка на НАТО, ние имаме стратешка цел, бидејќи одлучуваме во рамки на НАТО алијансата на која страна сме, а вие ако водите пропаганда со лажни вести или наседнувате на тоа ја поткупувате позицијата на својата земја”, вели Кордалов кој понатаму додава дека битен дел во оваа борба против лажните вести се властите кој би помогнале со транспарентност и дигитализација.

„Не постои институција која дава добри, квалитетни и брзи услуги која што може да биде таргет на лажни вести. Еве ви пример, кога би имале институција која би дала извод од матично или државјанство за две секунди или со одење на шалтер, без притоа да чекате една недела, како велат да не случајно повторно си се родил во меѓувреме, значи нема лажна вест што ќе каже дека таа институција е лоша, нефункционална итн. Напротив, кога вие имате систем кој што не ја нуди услугата за граѓаните, лажните вести лесно го наоѓаат процепот и стануваат сојузници на граѓаните“, вели Кордалов.

Тој додава дека медиумите се херои кои во ваква ситуација се борат да ги издвојат лажните од реалните вести и тоа е нешто кое што мора да се признае, особено властите.

„Тоа ќе придонесе за да се постави каде е целта и каде е борбата“, вели Кордалов кој смета дека најголем сојузник во оваа борба се медиумите.

„Секој од нас мора да гради критички креативно мислење независно од времето во кое што се наоѓа, а особено да се стави фокус да имаме критичко мислење и свој став, да не се плашиме да го кажеме“, вели тој.

Биљана Јордановска

Подготви: А. Ристески

Камера и монтажа: Самуел Дебус/OK-TV Ludwigshafen

Извор: Цивил Медиа

Tags: Бојан Кордаловдезинформациилажни вести
Next Post

Маричиќ: Со прогресивна визија и план Западен Балкан е сѐ поблиску до ЕУ

Shortcut

Најново

Утре во Скопје се отвора 25-то јубилејно издание на ОФФест

June 2, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

June 2, 2026
Охрид. Фото: Фронтлајн

Контроли на плажите: Владата ги прецизираше термините за забрана на скутери и чамци на трите езера

June 2, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

June 2, 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk