Поради ветото на Австрија за влез на Романија во Шенген, официјален Букурешт денеска го повика на консултации својот амбасадор во Виена.
Претходно на австрискиот амбасадор во Букурешт му беше врачена протестна нота поради „непријателското однесување на Австрија“.
Сега Романија одлучи да преземе понатамошен, подрастичен дипломатски чекор, што сигнализира заладување на односите меѓу двете земји.
Амбасадорот на Романија во Австрија, Емил Хурезеану, беше повикан на консултации во Букурешт.
Од Министерството за надворешни работи на Романија не соопштуваат колку време амбасадорот ќе биде на консултации