Сè што и помага на регионалната соработка за нас е прифатливо, рече црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, прашан дали земјата ќе се приклучи на иницијативата „Отворен Балкан“.
„Нема главата да не боли повеќе ако има повеќе соработка во регионот. Главата може да не боли само ако имаме помалку соработка во регионот. Оваа иницијатива може сериозно да ја зголеми соработката во регионот и Црна Гора е тука, како што е и во Јадранската повелба и многу други, над 72, регионални иницијативи“, рече Абазовиќ.
Според него, се што е во насока на намалување на тензиите во регионот, со акцент на европската перспектива, економскиот прогрес и укинување на бариерите и оди во прилог на Црна Гора.
„Дали оваа иницијатива е инклузивна? Да, инклузивна е се додека постои покана за сите земји од Западен Балкан. Самата договор за иницијативата е таков што, доколку некоја земја има некакво сомневање, не мора да се потпише на одреден регионален договор, може да почека или пак воопшто тоа да не го направи. „Отворен Балкан“ нема никаков основачки акт. Мене ми е жал што опозицијата мобилизира околу ова прашање си тие постојано ја менуваат комуникациската стратегија за напад на Владата. Но, овде нема основачки акт, па ние да потпишуваме не знам си каков специјален договор, па да не можеме да излеземе без некакви последици. Ова не е НАТО Алијансата, ниту Европска унија. Туку е израз на добра волја на оние кои сакаат со соседите да градат заедничка иднина околу одредени теми. Тоа е збир на билатерални договори, како што е зелената лента на граничните премини, признавање дипломи, кратење на административни рестрикции и олеснување…. Така што јас сум афирмативен кон оваа идеја и мислам дека таа иницијатива е многу корисна за Црна Гора и жал ми е што луѓето, во недостиг на информации, се обидуваат да им веруваат на некои што имаат други намери, а тие намери се регионот да не соработува и да остане во прегратките на 90-тите години. Јас таква намера немам“, рече Абазовиќ.