Експлозии беа регистрирани денеска во раните утрински часови во украинскиот главен град Кијив.
Сирените за воздушен напад се вклучиле во главниот град и околниот регион околу 20 минути пред експлозиите. Регионалниот гувернер на Кијивската област, Олексеј Кулеба изјави дека се активирани противвоздушните системи.
Градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко потврди дека имало експлозии во главниот град на Украина. Според него, украинската ПВО соборила десетина дронови „шахид“ што ги произведува Иран.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските системи за ПВО собориле 13 беспилотни летала камикази од иранско производство, кои го таргетираа главниот град Кијив претходно истиот ден.
„Русија утрово започна со напади со 13 шахиди… сите 13 беа соборени од нашите украински системи за противвоздушна одбрана“, рече Зеленски во видео обраќањето на социјалните мрежи, притоа мислејќи на беспилотни летала од иранско производство за кои Москва е обвинета дека ги користи против цели во Украина.
И украинската амбасадорка во Северна Македонија, извести дека сирте дронови се соборени
The morning of December 14 in Kyiv and the Kyiv region began with “Shahed” kamikaze drones released by the ??. All drones were shot down by Ukraine`s air defense.
?Ukrinform pic.twitter.com/eOEBFPqwjN
— Larysa Dir (@dir_larysa) December 14, 2022
Утрото на 14 декември во Кијив и во регионот на Кијив, Русија започна напад со беспилотни летала камикази „Шахед“. Сите беспилотни летала беа соборени од воздушната одбрана на Украина, напиша Дир.