Екипата на Фронтлајн спроведе анкета и ги праша граѓаните на Скопје дали треба градот да биде украсен за новогодишните празници. Граѓаните се незадоволни од политиката на Град Скопје и сметаат дека на градот му фали новогодишна атмосфера.
– Другите години ни беше убаво, ни го разубавуваше и денот и влеваше некаков оптимизам…
– Нема новогодишна атмосфера, не треба да се претерува, но да има некоја елка на плоштад како порано мислам дека треба.
– Ако сакате луѓето да трошат пари, да влезат во славечка атмосфера треба да има амбиент за тоа. Ние немаме никаков амбиент, да бидеме среќни доколку на 31-ви украсат за да можат децата да се порадуваат, се дел од изјавите на граѓаните.
Андреја Ристески
Камера: Александар Ризински
Монтажа: Ариан Мехмети