Европската Комисија денеска испорача нова транша од вонредната макрофинансиска помош за Украина во износ од 500 милиони евра.
Со денешната транша вкупниот износ исплатена макрофинансиска помош од почетокот на војната достигна 7,2 милијарди евра, во облик на поволни заеми со подолги рокови.
Европската Унија со ова сака да ја покаже својата солидарност со Украина, и дополнително се залага да ги покрие каматните стапки за тековната повеќегодишна буџетска рамка на ЕУ. Европската Комисија оцени дека Киев ги исполнува бараните структурни политички мерки договорени во октомври.
Целта на овие мерки е да се подобри бизнис климата во Украина како и владеењето на правото и енергетската безбедност.
Вкупно Украина треба да добие 18 милијарди евра микрофинансиска помош, односно 1,5 милијарди евра месечно во текот на идната година.
До сега вкупно се мобилизирани 19,7 милијарди евра за Украина, финансиска, хуманитарна и буџетска помош