Медиазона е независна руска новинска куќа, во соработка со сервисот на Би-Би-Си на руски јазик и десетина анонимни доброволци во Русија, составува список врз основа на информации од извори како написи во весници, фотографии на надгробни споменици, објави на војници кои тагуваат за своите соборци, па дури или дојави од роднини кои сакаат нивните најблиски да бидат вклучени во црниот биланс.
Списокот веќе надмина 10.000 имиња, вклучително и повеќе од 400 Руси кои беа регрутирани во септември и октомври.
„Ако руската влада не ги брои руските жртви, тогаш некој мора да го стори тоа“, изјави за Њујорк Тајмс Дејвид Френкел, еден од четворицата „рудари“ на податоци од Медиазона.
„За нас е важно да им ја објасниме на Русите цената на војната“, додаде тој. „Ако не ги разберат трошоците од сликите на опустошените украински градови, тогаш можеби бројот на загинати Руси ќе ги натера да размислуваат за тоа“ – вели Френкел.
Руската влада грчевито се обидува да го избегне токму тоа – да го соопшти бројот на жртвите од војната што ја започна со инвазијата на Украина на 24 февруари. Русите го ажурираа бројот точно двапати: еднаш на крајот на март и повторно во септември, кога рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, рече дека од почетокот на војната биле убиени 5.937 руски војници.
Официјалниот број на убиени војници, на кој инсистира Кремљ, е значително помал од процените на западните воени и разузнавачки експерти. Генералот Марк А. Мили, кој е на чело на американскиот Здружен Генералштаб, на пример, во ноември изјави дека жртвите на Москва бројат „повеќе од 100.000 убиени и ранети руски војници“.
Воените аналитичари имаат различни ставови за проектот. Некои претпочитаат да работат со проценки на вкупниот број загинати, наместо со делови од вкупниот број. Други истакнаа дека работата била особено корисна во идентификувањето на моделите на однесувањето на властите и на директно погодените од воените загуби.
„Проектот е корисна слика на руските дефекти и загуби“, вели Каролина Хирд, руска аналитичарка во Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон. „Знаеме дека руските власти, едноставно, не ги презентираат загубите вистинито.“
Секојдневното следење информации за мртви луѓе е тешко за менталното здравје, велат од тимот на Медиазона. На Литаврин, член на тимот, му се врежало сеќавањето на еден 40-годишен маж кој имал мирен, редовен живот и ќерка, а се пријавил како доброволец во август. Бил убиен само две недели подоцна на бојното поле.
„Се прашував што си мислел човеков“ – вели Литаврин – „Страшно е.“
Подготви: Дескот на ЦивилМедиа