На 3 февруари следната година ќе се одржи Самит меѓу ЕУ и Украина, на кој ќе присуствуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски, претседателот на ЕУ Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, потврди денеска портпаролот на Советот на ЕУ.
– Можам да потврдам дека Самитот ЕУ-Украина ќе се одржи на 3 февруари и има отворена покана до претседателот Зеленски да го посети Брисел, рече Баренд Лејтс, портпарол на Шарл Мишел.
Тој прецизираше дека „Самитот нема да биде меѓу 27-те лидери на ЕУ, туку со претседателот на Советот на ЕУ и претседателката на Европската комисија“.
Засега не се знае дали Самитот ќе се одржи во Брисел или во некоја друг град во Унијата.
Официјални лица велат дека темата на самитот најверојатно ќе биде како ЕУ може да продолжи да ја поддржува Украина во војната против Русија