Родителите на ученици во основните училишта во Општина Аеродром во следниве два месеци ќе треба да платат по 1.990 денари за храната што ја добиваат на училиште. Ова е предвидено во членот 5 во новите договори, кои вчера им биле дадени да ги потпишат, а кои се однесуваат за период од 60 дена.
Родителите се збунети бидејќи само пред неколку дена имаше официјално соопштение од Општината според кое беше нагласено дека секој родител ќе плаќа по 1.500 денари месечно за топлиот оброк.
Од Општина Аеродром за Деца.мк велат дека ова е преодно решение додека не заврши тендерската постапка за избор на нова фирма која ќе треба подолгорочно да ги снабдува децата со топол оброк.
Целиот текст ТУКА





