ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шукова: Со новиот Закон за индустриски емисии предвидуваме 24 часовен мониторинг на загадувањето од фабриките

December 28, 2022 22:13
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА

„Законот за индустриски емисии е во финална фаза и наскоро ќе влезе во постапка за донесување. Една од работите која е предвидена во овој закон е 24 часовен мониторинг за индустриските капацитети со А интегрирана дозвола“ изјави државната секретарка во Министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова во „24 анализа“ на ТВ24.

 

Таа додаде дека законот се работел подолго од што било планирано, бидејќи како Министерство наишле на отпор.

„Кога носите ново законско решение и кога дел од европското законодавство се става во македонското има отпор. Бизниз заедницата ќе биде запознаена со законот и за влијанието кое овој закон го има“ кажа Шукова.

Државната секретарка додаде дека македонското законодавство редовно ги следи најдобрите европски практики за заштита на животната средина и кажа дека последните години повеќе се носат и имплементираат програми и мерки за заштита на квалитетот на воздухот.

„Како што се зголемува свеста за загаденоста на воздухот кај граѓаните, се зголемува и кај властите“ рече Шукова.

Со промената на власта во Град Скопје замре работата на Законот за комунална полиција

„Законот за комунална полиција треба изворно да дојде од локалната самоуправа. Постои нацрт-верзија на законот, а последна е комуникацијата со ексградоначалникот Петре Шилегов, кој се потруди да се направи овој закон“ изјави Каја Шукова.

Таа додаде дека овој закон мора да излезе изворно од локалната самоуправа, бидејќи токму општините се тие кои ќе треба да го спроведуваат.

„Во овој случај иницијативата беше покрената од Град Скопје, како еден од најзагадените градови во државата. Тие го контактираа Министерството, се разговараше за законот, но откако се промени власта запре комуникацијата“ рече Шукова.

Државната секретарка кажа дека не може централната власт да организира се, бидејќи локалната самоуправа си има своја организација и откри дека комуникацијата на Минситерството со одредени општини тешко се воспоставува.

Tags: Европски практикиживотна срединаШукова
Next Post

Ковачевски за уставните измени: СДСМ предводи прогресивни сили, додека опозицијата нема стратешки сенс

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk