ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

МОН се подготвува за отпочнување на реконструкција на студентските домови

January 13, 2023 10:07
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука почнува подготвителни активности за крупниот инфраструктурен проект кој предвидува целосна обнова на државните студентски домови и нивно трансформирање во енергетски ефикасни објекти.

Реконструкцијата ќе опфати осум објекти во кои, како што велат од МОН,  ќе се обезбедат подобри услови за сместување, престој и удобност во студентските домови, нагласувајќи дека тоа е еден од неговите клучни приоритети.

Реализацијата на проектот за етапно реновирање на студентските домови во државава во ноември ја најави министерот Јетон Шаќири, кој претставувајќи го Акцискиот план соопшти дека таа ќе стартува на почетокот на 2023-та, најпрво со домот  „Стив Наумов“ во Скопје каде што условите се најлоши.

Посочи дека проектот вреден околу 20 милиони евра од Германската развојна банка ќе се спроведува во три фази во три години и дека се очекува првата фаза за реновирање на неколку домови да почне во јануари-февруари годинава.

-МОН веќе има добиен проект кој треба да почне што побргу. Очекувам првата фаза да биде во јануари-февруари кога е предвидено реновирање на неколку студентски домови. Акцискиот план предвидува за три години да бидат реновирани сите студентски домови  во нашата земја. Проектот е вреден 20 милиони евра и ги опфаќа студентските домови: „Стив Наумов“, „Кузман Јосифовски-Питу“, „Гоце Делчев“, „Томе Стефановски-Сениќ“ и „Пелагонија“ во Скопје, „Орде Чопела“ во Прилеп, „Кочо Рацин“-Битола, „Браќа Миладиновци“-Штип и „Никола Карев“ во Охрид, истакна Шаќири.

Во рамки на првата фаза, од почетокот на 2023 се очекува да стартуваат градежните работи и, според Акцискиот план, во двете наредни години ќе бидат распределени, во втора и трета фаза, студентските домови што ќе бидат реновирани.

Планот за големиот инфраструктурен зафат бил соопштен и на меѓународна конференција за ученичките и студентските домови во Југоисточна Европа, која деновиве  се одржува во Белград и каде што учествува и делегација од МОН.

– Појаснувајќи го начинот на функционирање и финансирање на домовите, претставниците на МОН посочија дека конференцијата е од исклучително значење бидејќи токму на вакви поголеми настани и со учество на претставници на повеќе земји може да се сподели и слушне нечие искуство кое може да помогне во подобро менаџирање на работата на овие установи, наведува МОН.

На конференцијата било посочено и дека Министерството за образование и наука во соработка со здруженија на млади и здружението на ученички и студентски домови работи на подготовка на нов закон за младински стандард со кој, меѓу другото, ќе се реформира начинот на финансирање на ученичките и студентските домови и ќе се подобри стандардот на младите во нашата држава

Tags: МОНреконструкцијастудентски домови
Next Post

Украина е де факто членка на НАТО, вели украинскиот министер за одбрана

Shortcut

Најново

Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

June 7, 2026

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид

June 7, 2026

Филипче: СДСМ е таму каде што му е местото – на страната на народот, на работникот и младите

June 7, 2026

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци

June 7, 2026
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

June 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk