ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Земји-членки на Советот за безбедност на ОН ги повикаа талибанците да ги прекинат угнетувачките мерки против жените во Авганистан

January 13, 2023 20:58
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Десетина земји-членки на Советот за безбедност на ОН денеска ги повикаа талибанците да ги прекинат сите угнетувачки мерки против жените во Авганистан, на маргините на состанокот зад затворени врати за ситуацијата во таа земја.

– Ги повикуваме талибанците да ги прекинат сите угнетувачки мерки врз жените и девојчињата, им рече на новинарите јапонскиот амбасадор Кимихиро Ишикане во име на 11-те членки на Советот за безбедност (Албанија, Бразил, Еквадор, Франција, Габон, Јапонија, Малта, Швајцарија, Обединети Арапски Емирати, Велика Британија и САД).

Тие земји, исто така, ги повикуваат талибанците да ги почитуваат правата на жените и девојките и да се залагаат за нивно целосно, еднакво и значајно учество и вклучување во сите области на општеството, политиката и економијата, во образованието и јавниот простор.

Декларацијата се однесува на исклучувањето на жените и девојчињата од училиштата и универзитетите и забраната за вработување на жени во национални и меѓународни невладини организации.

Поради оваа последна мерка, невладините организации повеќе нема да можат да дојдат до луѓето, особено жените и девојките, на кои им е најпотребна помош со опрема и витални услуги, се наведува во декларацијата.

Повеќе хуманитарни организации одлучија да ги прекинат своите активности поради таа забрана, која талибанците ја воведоа на 24 декември. Сепак, ОН одлучија да ја продолжат својата операција.

– Положбата на жените и девојчињата во Авганистан треба да остане високо на агендата на Советот за безбедност, ветија потписниците на денешната декларација.

Советот за безбедност денеска заседава зад затворени врати за да разговара за ситуацијата во таа земја.

– Денес ќе разговараме за обединет меѓународен одговор наспроти дејствијата на талибанците. Нашата цел е да спречиме да дојде до хуманитарна катастрофа и да се откажат од забраните насочени кон жените и девојчињата, објави британската амбасадорка Барбара Вудворд на Твитер пред почетокот на состанокот.

Извор: МИА

Tags: АвганистанОНталибанцитеугнетувачки мерки против жените
Next Post

Забрчанец: Владите од 2017 наваму работат на поправање на уништеното во поглед на прифаќање на различностите

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk