ДРАГАН МИШЕВ
Откако станува се поизвесно дека деновите како претседател на РФ му се избројани, време е Владимир Путин да размисли што понатаму со неговата професионална кариера ( ако ги преживее промените, се разбира, во духот на воспоставената пракса од времето на советскиот сојуз, чиј наследник е Русија). Има неколку опции, во кои веруваме дека Путин би се пронашол. Ги набројуваме првите 5 од листата, за кои веруваме дека најдобро би му „легнале“, согласно неговата личност и карактер.
- Генерален секретар на НАТО
Од сите досегашни високи НАТО функционеро, Путин придонесе најмногу за ширење на Алијансата, особено на Северот и Истокот на Европа, како и за збивање на редовите и јакнењето на (разнишаната) доверба помеѓу земјите- членки на Алијансата. ПоПутиновата инвазија врз Украина, на пат да станат членки бна Сојузот се Шветска и Финска, долгогофишни противници за зачленувањето, а се поизразени аспирации за членство покажуваат и неколку поранешни советски републики, предводенени од Украина.
- Циркуски изведувач
Сигурно голем број Циркуски трупи би биле среќни да го имаат поранешниот руски претседател во своите ансамбли, како главна циркуска атракција која на претставите ја изведува главната (нему омилена) циркуска точка, јавање мечка.
- Библиотекар
Како голем љубител на книги, особено историски, на Путин добро би му легнала улогата на главен библиотекар во библиотеката на затворот Шевенинген, откако пресудата за воени злосторства во Украина за него од судот во Хаг ќе стане правосилна.
- Наполеон Бонапарта во музеј за восочни фигури
Може да му биде омилена, а сигурно ќе му биде особена чест да го заземе местото на еден од најголемите војсководци, за каков се смета и самиот. Постои мала „квака“ во овој случај, а тоа е самиот Путин да стане музејски експонат во одделот за злосторници, и да стои рамо до рамо со нему сличните, Хитлер и Стаклин.
- Гринч
Ги поседува сите квалификации за оваа професија, откако се потруди да им го „украде“ Божиќ на Украинците и на остатоко на целиот слободољубив свет. А и не може да не се забележи големата сличност во физиономијата.
Е па друже Путин, бирај…додека сеуште си во можност.
Извор: ЦИВИЛ Медиа