„Со новиот закон за работни односи се ограничува времетраењето на определено време од сегашните пет на две години со тоа што ист работник, кај ист работодавач нема да може повеќе од три пати да склучува анекс“ рече министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во „Топ тема“ на Телма.
Таа објасни дека со новиот закон по истекот на двете години договорот ќе мора да биде трансформиран од определено на неопределено време.
„Синдикатите бараа времетраењето да биде една година, додека работодавачите бараа или да остане пет или три години, но се постигна компромис за две години“ рече Тренчевска.
Министерката кажа дека новиот закон за работни односи ги унапредува работничките права и рече дека сите одредби од законот се носени по опсежни дебати и договарање помеѓу сите засегнати страни, вклучително и синдикатите и работодавачите.