-Распоредувањето на тенковите се темели на решеноста на ЕУ да му помогне на Кијив да се одбрани во светлината на зголемениот притисок од руската страна. Една година по илегалната инвазија на Русија врз Украина, продолжуваат убиствата на цивили, уништувањето на цивилната инфраструктура, користењето на гладот и енергијата како оружје, рече портпаролот на ЕК.
Тој истакна дека целта на Русија е да го прекине постоењето на украинската држава и народ. ЕУ гледа дека Русија не се откажува и мора да и помогне на Украина да се одбрани, објасни портпаролот.
Според него, ЕУ е дел од напорите за постигнување мирно решение, кои почнаа една година пред почетокот на војната. ЕУ секогаш ѝ нудела на руската страна да разговара за нејзините безбедносни грижи. ЕУ не ја одби поканата за разговори, посочи портпаролот.
Секогаш сме подготвени да ги поддржиме сите напори во потрагата по мир во соработка со САД и остатокот од меѓународната заедница. Целта е што поскоро да се врати мирот во Украина. Досега, за жал, овие покани за разговор беа пречекани со рамнодушност од Кремљ, кој отфрла какви било мировни иницијативи и можности за преговори за ставање крај на конфликтот, резимира портпаролот.