ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Грковска: Независноста која Уставот ја дава на правосудните органи години наназад беше злоупотребувана, тоа веќе не смее да се дозволи

February 2, 2023 12:27
in ДЕНЕС, КОРУПЦИЈА, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Треба да се направи многу повеќе од она што е направено до сега во борбата со корупцијата и организираниот криминал во Северна Македонија, ако сакаме да чекориме напред во нашите политички процеси кои неминовно мора да се случат, затоа што граѓаните сакаат да видат видливи резултати“, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во интервју за Гласот на Америка.

„Наша задача е да ги лоцираме системските недостатоци и да ги подобриме со соодветни решенија со кои ќе се намали корупцијата во нашата земја. Сите заедно мораме да работиме на подигање на свесноста и одговорноста во носењето на одлуки. Токму затоа лично имав реакции на одлуките на јавното обвинителство и судството”, потенцираше Грковска.

Таа нагласи дека токму уставната независност на овие органи треба да ги поттикне да работат транспарентно и одговорно при носењето на одлуки и нивното образложение пред граѓаните.  Повикувањето на транспарентно и отчетно работење на овие органи при носење на решенија и нивно образложение, додаде таа, не е мешање во работата на институциите, туку напротив е поттик за зголемување на нивната транспарентност, а со тоа и зголемување на довербата на граѓаните во правосудниот систем и органите.

„Судиите и јавните обвинителите треба да одговараат за злоупотреба на службена должност исто онака како и останатите функционери кои подлежат под истите закони како јавните обвинители и судии. Независноста која што Уставот ја дава на правосудниот систем  при работењето, години наназад беше користена како параван за самоволие при носењето на одлуки и истото повеќе не смее да се дозволи”, посочи Грковска.

Вицепремиерката Грковска се осврна на поддршката што ја добиваме од меѓународната заедница во процесот во борбата со корупцијата и организираниот криминал, посочувајќи дека тоа е стимул за побрзо, поотчетно и потранспарентно работење на институциите во овој политики процес.  Оваа поддршка, нагласи таа, мора сериозно да се сфати и заедно, во нашата земја самостојно да почнеме да ги решаваме состојбите кои се трули  и кои нé влечат наназад во сите процеси.

Tags: злоупотребакорупцијаправосудните органиСлавица ГрковскаУстав
Next Post

Потпишан договор за Коридорите 8 и 10-Д, Северна Македонија станува важна транспортна рута

Shortcut

Најново

Пит Хегсет (фото извор: Инстаграм профил на Пит Хегсет)

Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

September 17, 2026

Каква зима го очекува Западен Балкан во ера на климатските промени?

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Фото: Министерство за финансии

СДСМ тврди дека „дупката“ во ПИОМ достигнала 1 милијарда евра, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Фондот е стабилен

September 17, 2026
Никола Спасов

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk