ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ФОТО) Искуства на наши земјоделци – Боне Спасовски одгледува ран компир под фолија

February 6, 2023 15:09
in PMD, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Боне Спасовски од село Виничани, Општина Градско, веќе трета година сади ран компир под фолија. Семето што го користи се увезува од Холандија. Потребно е да се изберат сорти на компир со покуса вегетација од 55 до 65 дена. При изборот на сортата пожелно е земјоделецот да се консултира со стручно лице бидејќи на пазарот се нудат разни сорти по квалитет и вегетација на зреење. Изборот на сортата е еден од важните фактори за остварување на висок принос.

За да се остварат високи приноси од раните сорти на компир, земјоделците треба да применуваат соодветна модерна технологија и норми на ѓубрива и наводнување. Како важна агротехничка мерка количествата на ѓубре имаат за цел да обезбедат доволно хранливи материи за остварување високи приноси.

„Почвата се подотвува во текот на есента, кога се врши орање, фрезирање, пред браздењето се става основно ѓубре Јара на 100 квадрати 15 килограми, а во системот капка по капка се додава кристално ѓубре. Најважно е компирот да биде нагрнат што повеќе“, објаснува Боне.

Најоптимален рок за садење на рано производство на компирот е кога температурата на почвата изнесува 7-8 степени Целзиусови. Во пластениците компирот може двојно да се заштити со употреба на втора фолија или Агрил, која со голем успех го заштитува раниот компир без ризици за измрзнување. Во врска со густината на садењето на компирот во пластеници се препорачува густина (60х30 = 51.000 растение по хектар).

Ѓубривата се применуваат на три начини, со заорување, пред сеидба со прихранување и прихранување со наводнување капка по капка. Количествата на комплексните ѓубрива се движат од 800 до 1000 кг по хектар. Раниот компир бара ѓубрива во одделни елементи кои се лесно растворливи во зависност од типот на земјиштето.

Недостатокот на вода негативно влијае на приносот и квалитетот на клубените.
Доколку се задоцни со наводнувањето, можат да се јават несакани појави: израстоци на клубените, пукање на клубените по површината и внатрешно пукање.

Боне, кој вади по 600 килограми компир на фолија има обезбеден пласман и е задоволен од продажбата на раниот компир. Планира да подигне и нов лозов насад на надморска висина од 430 метри, на 17 декари ќе посади 5500 прачки увезени од Италија, кои ги набавил за 84 денари прачка.

Извор: Агротим

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Боне Спасовскиран компир
Next Post

(ВИДЕО) Пендаровски и Новак положија венци на гробот на Гоце Делчев

НАЈНОВО

Фабриката „Винчини“ во Виница зафатена од пожар

September 6, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ на протест во Кочани: Бараат правда и брза судска одлука

September 6, 2025

Малолетник се сомничи за обид за убиство на таткото

September 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски и Дарио Панковски: На 13 Септември голем концерт во Паркот на франкофонијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Бујар Османи: Или сме во ЕУ, или стануваме дел од српско-рускиот свет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk