ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Липовски – Османи: Континуирана чешка поддршка за влез на Северна Македонија во ЕУ

February 7, 2023 11:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска одржа средба и прес-конференција со неговиот чешки колега Јан Липавски, кој е во официјална посета на земјава. На средбата беше истакната континуираната поддршка од Чешка Република за патот на земјава кон Европската Унија, а беа потврдени и зајакнатите билатерални односи, како и економската соработка. 

-Важен аспект на дешената посета е секако процесот на прошивање на ЕУ и драго ми е што после првата меѓувладина конференција започнаа преговите за пристапување на Северна Македонија во јули минатата година под наше претседавање со ЕУ. Се надевам земјата ќе продолжи со реформите и ќе ги донесе уставните измени. Го уверив мојот колега дека може да смета на континуирана чешка поддршка на патот кон ЕУ, нагласи Липавски на прес-конференцијата, по средбата со Османи. 

Тој потенцираше дека Северна Македонија е пријател и НАТО сојузник на Чешка и оти се се усогласува со заедничката надворешна и безбедносна политика, како што се цени и се забележува во сите извештаи.

-Очекуваме Северна Македонија да стане дел од ЕУ во меѓувреме и натаму ќе нудиме наша помош и соработка на тој пат, истакна Липавски.


Министерот за надворешни работи на Чешка посочи дека како знак на одличните односи меѓу Република Чешка и Северна Македонија денес во Скопје се и претседавачот на Комисијата за европски прашања и Комисијата за надворешни работи од нивниот Парламент.

Липавски упати покана до Османи за присуство на форумот на ОБСЕ за животна средина кој традиционално се одржува во септември во Прага. 

Османи, по средбата посочи дека тој и неговиот чешки колега разговарале за билатералните односи што забележуваат нагорен тренд, надминувајќи 250 милиони евра трговска размена во 2022 година. 

-Го информирав министерот за нашиот економски советник што е задолжен за земјите на Вишеградската група и очекувам да ги зајакнеме економските односи меѓу двете земји, не само од аспект на трговската размена туку и преку искористување на можните  чешки директни инвестиции, рече Османи.

Министерот за надворешни работи, во својство на претседавач на ОБСЕ, на средбата ја отворил и темата за сериозното нарушување на европската безбедносна  архитектура потикната од воената агресија на Русија врз Украина. 

– Го претставив нашиот највисок приоритет како претседавач, а тоа е да запре натамошното човечко страдање, да ја ставиме во функција организацијата со теренските мисии за да ги ублажиме последиците од војната, но и да спречиме нови кризи и да обезбедиме поддршка за ранливите региони, следејќи го слоганот на нашето претседавање, а тој гласи „за луѓето се работи“, нагласи Османи.

Тој осврнувајќи се на билатералниот скриниг, на прес-конференцијата посочи дека според прелиминарните информации, земјата и институциите покажуваат високо ниво на подготвеност за спроведување на тој процес, што, како што истакна, се должи на силната политичка волја во Северна Македонија, се разбира и долгогодишното искуство коешто имаме.


Во однос на последните случувања со Бугарија, односно создадените тензии меѓу двете земји, Османи порача да се прекине тој циклус на на влошенилоши односи и да се вратиме на позитивната агенда со цел продолжување таму каде што застанавме

Tags: Бујар ОсманиЧешка
Next Post

Турција и Сирија: Како е можно што побргу да стигне помош за преживеаните од земјотресот?-под урнатините се бараат и до седум дена

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk