ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Правата на малцинствата кај нас се на повисоко ниво и од земји-членки на ЕУ

February 9, 2023 14:30
in PMD, ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Имав состанок со сите амбасадори на ЕУ за тоа што постигнавме во 2022 и што не очекува во 2023 година, рече премиерот Димитар Ковачевски. Тој одговарајќи на новинарските прашања после посетата на компанијата Варус „Бионика Фармацеутикалс“, кажа дека сега државата е во поодмината фаза на скрининг процесот, а извештаите досега се позитивни.

„Следуваат патоказите од скринингот кои ќе бидат за унапредувањето на нашето општество во иднина, за полноправно членство во Унијата. Еден од тие патокази се однесува на правата на малцинствата и етничките заедници, којшто очекувам дека ќе го исполниме на највисоко ниво, бидејќи правата на заедниците кај нас се на највисоко можно ниво, дури и повисоко од земји-членки на Унијата. Ние имаме институции за правата на помалите заедници, имаме закони за помалите заедници во делот на рамноправно учество во управата, во делот на користењето на јазиците и тоа се однесува на сите заедници. Имаме и Министерство што се бави со оваа работа“, рече Ковачевски.

Прашан за барањата на бугарскиот претседател Румен Радев за мониторинг над правата на заедниците, премиерот одговори:

„Барањата на било кој политичар во оваа област за нас не претставуваат никаков проблем, бидејќи правата на малцинствата кај нас се на многу повисоко ниво отколку во многу држави, вклучително и на земјите-членки. Ќе продолжиме да разговараме со Бугарија на институционално ниво за билатералните проекти, зашто за членство во Европската унија не преговараме со Бугарија“, кажа Ковачевски.

Тој додаде дека се води кампања од политички партии и други центри кои се против зачленувањето на земјава во Европската унија.

Tags: Димитар КовачевскиЕУправа на малцинстваскрининг
Next Post

(ФОТО) Расфрлан отпад и градежен шут во Општина Ѓорче Петров

НАЈНОВО

Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Париската полиција го одби барањето за полициска станица во Лувр по кражбата на накит

October 29, 2025
Фото: Скриншот

Подводен робот откри „уредени населби“ на риби под антарктичкиот мраз

October 29, 2025

Забрчанец: Македонија ја изгуби шансата за економски бенефит од „Отворен Балкан“

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk