Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари на прес-конференција, истакна дека Централното претседателство на Алијанса за Албанците на вечерашната седница со мнозинство прифатиле да влезат во Владата. Таравари нагласи дека и во спроведениот партиски референдум членовите одлучиле дека треба да се влезе во Владата.
Тој нагласи дека Министерство за здравство и Министерство правда, се сигурни министерски места кои ги добива АА, а не се знае дали Министерство за информатичко општество или заменик премиер за економски прашања, ќе биде договореното трето министерско место.
Било договорено, како што рече Таравари, АА да добие и две заменички министерски места, за одбрана и за земјоделие.
„Најверојатно утре ќе имаме состанок со премиерот Димитар Ковачевски на кој веќе синхронизираните програми ќе ги потпишеме и можеби утре ќе се дадат имињата за идните можни министри и заменици министри“, рече Таравари.
Ј. Ѓ.