ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Албанија утре на масовен протест за оставка на Рама; албанска студентка ја донира стипендијата за Туркије, Борел ги кани Курти и Вучиќ на разговор

February 10, 2023 14:31
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Долго најавените протести на Сали Бериша ќе се одржат утре, а според медиумите, се очекува да бидат масовни. На протестите ќе се бара оставка од актуелниот премиер Еди Рама. Катастрофалниот земјотрес во Туркије и Сирија е тема на интерес и во медиумите и во албанското општество, а  студентка од Албанија ја донира својата стипендија за погодените од земјотресите во Туркије. Во продолжение се темите од изборот на редакцијата ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми.

ТОП ЧАНЕЛ: Утрешниот протест под раководство на Бериша ќе биде масовен

„Во сабота, Сали Бериша го свика четвртиот  национален протест од денот кога го презеде раководството на синиот штаб. На овој протест, демократите директно ја артикулираат оставката на Еди Рама, за разлика од претходните протести каде што се зборуваше дека заминувањето на премиерот за демократите доаѓа само преку гласање.

Новинарот Јуџин Мустафарај сподели неколку детали за протестот што Демократската партија ќе го одржи во сабота.

Тој откри дека се очекува протестот да биде масовен, бидејќи Сали Бериша и неговите лидери одржале средби во текот на овие денови.

Мустафарај нагласи дека Бериша преку протестот ќе покаже дека неговото барање за смена на Рама од премиер е сериозно.“, пренесува албанскиот медиум ТОП ЧАНЕЛ.

ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: Студентка од Албанија ги дава парите од стипендијата на погодените од земјотресите во Туркије

Амбра Цека од Тирана, која студира медицина на Универзитетот за здравствени науки во Анкара, ги донираше парите за стипендијата што ги добива од турската држава.

„Парите од мојата стипендија ги испратив на моите пријатели кои беа погодени од земјотресот. Ние како соученици дадовме мал придонес. Ги испратив во областа Хатај во Туркије“, изјави Цека , пренесе Газета Експрес.

ДВ -Борел ги покани  Курти и Вучиќ да се сретнат наскоро во Брисел

„Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, ги покани во Брисел и лидерите на Косово и Србија, премиерот Албин Курти и претседателот Александар Вучиќ. Целта: промовирање на напредокот на дијалогот Косово-Србија. Веднаш по поканата на Борел, Курти и Вучиќ си размениле реплики од  далечина и со тоа ја отежнале блиската средба.“, пренесува Дојче Веле на албански.

ЗЕРИ -Марти: Целта на тие што ми се закануваа не беше да ме убијат, туку вината да ја препуштат на Албанците

Поранешниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти, кој две години е под специјална заштита поради смртните закани што ги добивал, вели дека е разочаран од швајцарските власти.

„Што се однесува до полицијата, таа презеде мерки за да ме заштити, но јас сум разочаран и не ги разбирам методите на истрага на швајцарските власти во мојот случај, јас сум истражител долго време и не сакам да споделувам лекции, но ми се чини дека методите што ги користам во моите случаи не се вообичаени“, нагласи Марти.

Потоа следеле заканите, а Марти вели дека целта на тие што му се заканувале не била да го убијат, „туку одговорноста да ја префрлат на Албанците од Косово“, пренесува косовскиот дневник Зери.

БОТА СОТ: Либерализам на постојани малцинства

„Нашите општества се поразновидни од кога било и никогаш нема да постигнеме консензус за тоа како да го живееме животот и кои вредности да ги следиме. Но, овој плурализам на вредности – толку карактеристичен за либералните теории – не резултира со морален вакуум за Шклар. Колку и да сме различни во нашата концепција за доброто, толку сме обединети во нашиот страв и одвратност кон физичката и психолошката суровост.“, извадок од анализата „Либерализам на постојани малцинства“ од Али Хертица, објавена во БОТА СОТ.

Д. Тахири / ЦИВИЛ Медиа

Tags: АлбанијаЕди РамаСали БеришаТуркијеЦИВИЛ Медиа
Next Post

Досега во земјотресите во Турција и Сирија загинаа повеќе од 22.000 лица, распоредени над 7.000 хуманитарни работници од 61 земја

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk