ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Гир: Европското знаменце не треба да се злоупотребува за скратување на дискусијата при носењето на важни закони

February 10, 2023 15:47
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Фото: Алек Ризински

Фото: Алек Ризински

Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир смета дека европското знаменце треба да се употребува само кога се во прашање закони што се поврзани со европските норми и стандарди, но не и да се користи за да се избегне јавната дебата при носењето на важни закони.

-Нема да коментирам поединечен закон, но сакам да го потенцирам генералниот принцип, што е од особена важност, дека скратената процедура во Собранието треба да се користи само кога се работи за специфични закони коишто се поврзани со европското законодавство. Европското знаменце треба да се употреби само кога се во прашање закони што се поврзани со европските норми и стандарди. Причината поради која е дозволена употребата на европското знаменце при носењето на законите е за забрзување на реформите што се потребни за приближување кон европското законодавство. Во никој случај тоа не треба да се користи за да се намали дискусијата за важни закони што се во прашање, истакна амбасадорот Гир во одговор на барањето упатено до него од Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) за коментар во врска со носењето на Законот за игри на среќа.

Од АСОМ, вчера, упатија повик до евроамбасадорот Гир за соодветна реакција, оценувајќи дека Владата прави злоупотреба на европското знаменце и без јавна дебата сака да го донесе новиот Закон за игри на среќа, со кој голем број вработени во оваа дејност ќе останат без работа.

Tags: Дејвид ГирЕУСобрание
Next Post

Франција повика на посилен меѓународен одговор на ракетната програма на Иран

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

Трамп од Орбан побарал укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk