ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Претресите ги сите скотови

February 11, 2023 21:45
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Злосторничкото здружение викано вмро-дпмне го изведува својот злосторнички потфат со помош на медиумската котерија која го опфаќа комплетното медиумско пространство и целата мрежа, сите поединци, новинари, уредници, директори и газди минус 0.1 отсто.

Еве, нека е минус 5 отсто.

Не повеќе.

Уништувањето на тоа организирано зло, треба и мора да биде цел на институциите чија работа е да се грижат за мирот, стабилноста и опстојноста на државата и за слободата и безбедноста на луѓето.

Не смее да се дозволи таа активност да се оспорува или релативизира во рамките на партискополитичките конфронтации. Ова не е против вмро-дпмне како политичка партија, туку како злосторничко здружување. Како што и елиминацијата на голем број луѓе што работат во медиумите, не е борба против новинарите, туку борба против злосторници кои се на привремена работа во новинарството со злосторнички цели.

Резултатот на активноста на Злото за кое тука пишуваме е растуреното општество.

Без морална и професионална супстанца.

Без национална и државотворна самосвест.

Уништени сме како компир од златица.

Како бели дробови од корона.

Нацијата е претворена во КУД “ВМРО-ДПМНЕ”!

Во последните триесетина години сум напишал илјадници кривични пријави против тие гадови, сум водел многу полемики, последната при неверојатниот реизбор на главните сервисери на катастрофата на журнализмот за први луѓе на ЗНМ. Моите колумни и статуси се пријави во форма на глас што мораше да допре до обвинителствата.

Мислам дека сношти и денеска се уништени многу телефони, компјутери и тефтери.

Се уништуваат есемеси и инбокси во кои се сместени налози или рапорти за извршените злосторства.

Која вест да оди и кога да оди, која да не оди, каква интонација да има, како да се засилува хистеријата кај луѓето, која афера да се пушти денеска, а која утре, кој човек од власта да се дисквалификува, која колешка или колега да се дискредитира и оцрни и со какво срање, како е правена антиевропската и антибугарска атмосфера како фактор на деструкцијата, а не на националната консолидација, се со една генерална цел: да се излуди народот и да се елиминира неговата моќ да ги разликува светлата на семафорите.

Сите знаеме дека тие работи беа синхронизирани и централизирани.

Но, сеедно, мислам дека треба да се извршат претреси кај главните уредници, директорите и газдите на Алфа, Телма, Сител, Канал пет, кај Геро и Плусинфо, Мицко, Хер Флик, за почеток.

Така што, драги прокурори, Марјанчо треба да биде почеток на вашата благородна работа, не крај. Освен тоа неговите материјали сигурно ќе ви пружат дополнителни инспирации и информации.


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: медиумирекетари
Next Post

Од вакви типчиња ко Павле Трајанов се создава сомнеж, недоверба, расте цинизмот

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk