ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) „Спејс-Икс“ го изврши клучниот тест на својата најмоќна и најголема ракета „Старшип“

February 12, 2023 20:50
in TECH FRONT, ДЕНЕС

 Вселенската компанија „Спејс-Икс“ го изврши клучниот тест на својата најмоќна и најголема ракета наречена „Старшип“.

Инженерите извршија тн. „статичко палење“ во место, односно истовремено активирање на 31 од 33-те мотори во основата на долниот дел на ракетата. Моторите беа активни само неколку секунди, а сѐ беше наместено за да нема движење. Кога конечно ќе полета, „Старшип“ официјално ќе стане најголемиот и најмоќен оперативен ракетен систем во историјата. Тоа би можело да се случи наредниве недели, под услов – најновиот тест да биде успешен.

„Статичкото палење“ беше изведено во постројката за истражување и развој на „Спејс-Икс“ кај cелото Бока Чика на границата меѓу Тексас (САД) и Мексико.

Основачот и извршен директор на вселенската компанија, Илон Маск рече дека при пробата, тимот го исклучил едниот мотор пред тестот, додека другиот сам престанал да работи, што значи дека всушност работеле вкупно 31 мотор. Тоа, според него, е доволно за ракетата да стигне во Земјината Орбита.

Историски гледано, најблиску до големината на „Старшип“ била советската ракета „Н1“ од доцните 60-ти, којашто беше развиена за превоз на космонаути на Месечината. Имала 30 мотори распоредени во два прстени, но ова летало беше неуспешно во сите четири обиди, па намерата била напуштена.

Засилувачот „Суперхеви“ на „Спејс-Икс“ е составен од 33 современи ракетни мотори коишто треба да создадат околу 70 отсто повеќе потисок на лансирната рампа од „Н1“. Во тој поглед, и огромната ракета на американската вселенска агенција НАСА – „СЛС“, која првпат полета во ноември, е послаба од „Старшип“.

Маск има важна улога во програмата „Артемис“ за испраќање астронаути на Месечината, но тој е сосредоточен и на Марс.

„Старшип“ е револуција и бидејќи е дизајниран да се користи повеќепати. Во таа смисла, два негови дела – засилувачот „Суперхеви“ и врвот на вселенското летало, ќе се вратат на Земјата и ќе бидат повторно искористени. Сега следи подробна анализа на орбиталното тестирање, а таа би можела да се очекува кон крајот на февруари или во март.

Tags: Спејс-ИксСтаршип
Next Post

(ВИДЕО) Ексклузивно од Турција со член на македонските спасувачки тимови

НАЈНОВО

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk