ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Возачот на автобусот на „Дурмо турс“ немал психичка болест

Вештакот објасни дека по настанот се можни две состојби на несеќавање – потсвесни и свесни. – Психолошки момент може да има по настанот. Несеќавањето се случува како одбранбен механизам кај лица кои сториле дело кое се коси со нивните морални ставови. Тоа несеќавање е потсвесен одбранбен механизам, додека свесната одбрана е несеќавање со цел да се избегнат последиците, изјави вештакот.

February 6, 2020 16:15
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Возачот на автобусот на Дурмо турс немал психичка болест или пореметување во време на настанот, изјави вештак невропсихијатар на денешното рочиште за несреќата кај Ласкарци.

Вештакот објасни дека по настанот се можни две состојби на несеќавање – потсвесни и свесни.

– Психолошки момент може да има по настанот. Несеќавањето се случува како одбранбен механизам кај лица кои сториле дело кое се коси со нивните морални ставови. Тоа несеќавање е потсвесен одбранбен механизам, додека свесната одбрана е несеќавање со цел да се избегнат последиците, изјави вештакот.

Вештакот, појасни дека низ разговор со обвинетиот констатирал дека тој има уредна функција на помнење, како за задршка на спомени, така и за нивно репродуцирање.

– Не сум констатирал психичко растројство кое можело да ги наруши времено или трајно неговите когнитивни функции. Интелигенцијата е константна во когнитивните функции. Таа е уредна и на ниво на просек, изјави вештакот.

Вештакот при прегледот констатирал психомоторна напнатост кај обвинетиот, за која рече дека е дел од конкретниот настан што му се случува.

– Во време на настанот, од доставената медицинска документација констатирав дека бил здрав и моториката била уредна, рече вештакот.

Манифестните симптоми, појасни сведокот се од актуелниот настан, од стресот и неизвесноста додека е во притвор по незгодата.

-Евидентна е психичка дисхармонија. Нагласени реакции на страв и лутина, а расположението му беше снижено, согласно губитокот на личната слобода. Револтот го почувствував како кон мене, така и кон целиот процес што се води против него, изјави вештото лице.

Вештакот посочи дека отсуствува медицинска документација и тој негира дека земал антидепресиви за време или пред несреќата.

– Терапија со антидепресиви има во јуни 2010 година и се совпаѓа со губиток на работа во ЖАС Гостивар. Од дијалогот не добив информации зошто е тоа, но заклучив дека од септември 2010 година откриена му е шеќерна болест и бил на лекување три месеци. Во тој период имал проблеми и од тогаш почнува да се третира шеќерната болест, рече вештакот.

Вештакот на почетокот рече дека од ЈО било побарано да изврши вештачење и да се произнесе за здравствената состојба на М. Т. во време на сообраќајката, дали има привремена или трајна растроеност, и дали ако има примал терапија, како тоа влијаело и за психичката состојбата на обвинетиот.

За вештачењето извршил увид во целокупната медицинска документација, а на 18 април 2019 година спровел и разговор со обвинетиот.

Следното рочиште е закажано за 19 февруари.

Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени, обвинети се шест лица.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Next Post

Кремљ им мери температура на учесниците на собири каде учествува Путин

НАЈНОВО

САД намалуваат 10% од воздушниот сообраќај на 40 главни аеродроми од утре

November 6, 2025
Фото: ВИ

Ден на жалост во Федерација БиХ и Црна Гора за жртвите од страшниот пожар во домот за стари лица во Тузла

November 6, 2025
Скриншот

Експлозија во фабрика во Мисисипи: Истече амонијак, евакуирани жителите од околните области

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk