ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Столтенберг ги потврди пораките за Украина, започна НАТО самитот на министрите за одбрана

February 14, 2023 11:10
in АКЦЕНТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

Состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО што се одржува денеска и утре во Брисел, започна со изјави за медиумите во холот на седиштето на НАТО. Прв пред бројните новинарски екипи застана генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој ги повтори главните пораки на НАТО што ги испорача и на вчерашната прес конференција.

https://frontline.mk/wp-content/uploads/2023/02/stoltenberg-14022023.mp4

„Не гледаме знаци дека претседателот Путин се подготвува за мир. Она што го гледаме е спротивното, тој се подготвува за уште војна, за нови офанзиви и нови напади. Затоа, уште поважно е сојузниците и партнерите на НАТО да ѝ пружат поголема поддршка на Украина. А подоцна денеска ќе се сретнеме и со Контакт групата за Украина предводена од САД и ќе одговориме на итните потреби за зголемена поддршка за Украина“, рече Столтенберг.

Според него не помалку важна е потребата да се обезбеди повеќе муниција и, исто така, да се засили производството и да се зајакне одбранбената индустрија на НАТО сојузниците, за да се обезбеди потребната муниција за Украина и да се надополнат резервите.

„Сојузниците, исто така, ќе започнат да разговараат за нови инвестиции во одбраната“, најави Столтеберг.

На прашањето зошто јавноста треба да верува дека НАТО не е во војна со Русија, генсекот на НАТО одговори дека ниту НАТО, ниту сојузниците на НАТО не се страни во конфликтот.

„Она што го правиме како НАТО сојузници и НАТО е да обезбедиме поддршка за Украина. Украина се брани, треба да разбереме што е ова. Ова е војна на агресија. Претседателот Путин, Русија, нападна суверена, независна, демократска, слободна нација во Европа, Украина. И, се разбира, Украина има право да се брани. Правото на самоодбрана е втемелено во Повелбата на ОН, тоа е дел од меѓународното право. И, се разбира, имаме право да ѝ помогнеме на Украина да го одржи правото на самоодбрана. Значи, НАТО и НАТО сојузниците не се страни во конфликтот, но ние ја поддржуваме Украина во правото на самоодбрана“, дециден беше Столтенберг.

Тој се осврна и на видот на поддршката што НАТО сојузниците ѝ ја пружаат на Украина, односно дека таа поддршка еволуираше во своите форми.

„На почетокот беше исклучително важно да се обезбеди лесно противтенковско оружје како Џавелин. Тогаш ја увидовме потребата од артилерија и НАТО сојузниците обезбедуваа сè понапредни артилериски системи. Потоа, стана очигледно дека има итна потреба од понапредни системи за воздушна одбрана. НАТО сојузниците сега обезбедуваат PATRIOT, SAMP/T и други напредни системи за воздушна одбрана, NASAMS“, објасни Столтенберг и додаде дека во последните месеци и недели сојузниците се согласија значително да го засилат тешкото вооружување, оклопните борбени возила и главните борбени тенкови.

Столтенберг потенцираше дека видот на поддршката еволуира и дека тоа е дел од тековните консултации меѓу сојузниците во НАТО, во рамките на групата за поддршка на Украина и дека тоа така и ќе продолжи.

„Затоа што треба да обезбедиме Украина да го добие оружјето што ѝ е потребно за да може да ја врати територијата, да ги ослободи земјите и да победи во оваа војна и да опстане како суверена, независна нација“, објасни Столтенберг.

Тој додаде дека, што се однесува до прашањата за видот на оружјето, важно е да се сфати дека постојано се разговара за тоа какви системи и типови на платформи ѝ се обезбедуваат на Украина. „Тоа еволуираше“, потенцира Столтенберг.

„Значи, не се работи само за дискусија за нови системи, туку и за обезбедување услови сите постоечки системи да работат како што треба. Ова стана тешка војна на истоштување. И затоа, тоа е, исто така, битка на логистиката. И ова се огромни напори на сојузниците за да можат всушност да влезат во муницијата за гориво за резервните делови што се потребни“, изјави Столтенберг.

Тој, исто така, потенцираше дека војната не започна во февруари минатата година.

„Војната не започна во февруари минатата година. Војната започна во 2014 година. И од 2014 година, сојузниците на НАТО обезбедија поддршка за Украина, со обука, со опрема, така што украинските вооружени сили беа многу посилни во 2022 година, отколку во 2020 и 2014 година. И, се разбира, тоа направи огромна разлика кога претседателот Путин одлучи да ја нападне Украина“, изјави генералниот секретар на НАТО во пресрет на почетокот на Состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Од Брисел: Џ. Дерала / ЦИВИЛ Медиа

 

Tags: Јенс СтолтенбергНАТОРусија
Next Post

Ковачевски: Реконструкцијата не е од персонални побуди, туку да се реализираат реформите

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk