Британскиот возач на Мерцедес, Џорџ Расел, изрази денеска загриженост поради новото правило со кое се забрануваат изјави со политичка содржина во Формула 1 и додаде дека возачите треба слободно да го искажуваат своето мислење.
Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) усвои на почетокот на јануари правило според кое возачите нема да можат да даваат политички, лични или верски изјави без претходно одобрение.
– Не ми е јасно зашто ова го направи ФИА. Тоа е апсолутно непотребно за нашиот спорт, како и за времето во кое живееме. Знам само дека екакви глупи правила нема да влијаат врз изразувањето на моите ставови. Слободата на говор е едно од најважните права, изјави Расел.
Претходно реагираше и неговиот клупски колега и сонародник Луис Хамилтон, истакнувајќи дека „спортот има одговорност секогаш да говори за важни теми со цел да се подигне јавната свест“.
– Ништо нема да ме сопре да зборувам за работи кои ме фасцинираат и за проблемите кои постојат, порача седумкратниот светски првак во Ф1.