„Власта има зголемено мнозинство, а ВМРО-ДПМНЕ ја одолговлекува собраниската расправа за да се сокрие дека тие немаат мнозинство, кое Христијан Мицкоски две години упорно го најавува“ рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во „Студио 10“ на ТВ24.
Тој додаде дека најновата најава од Мицкоски беше дека во јануари или февруари ќе има ново мнозинство, по што ќе се распушти Собранието за да се одржат избори во мај.
„Повторно излажа и нема ништо од тоа. Некоректно е во заложништво да ни биде цела држава поради лажна изјава или погрешна проценка. Некоректно е сите да страдаат поради него“ рече Богоев.
Потпретседателот на СДСМ рече дека стратешка одлука на владејачкото мнозинство е да не се открива за колку тоа ќе се зголеми, бидејќи е интензивна политичката ситуација и мора сите да бидат претпазливи.