Денес во Прилеп се отвори почесниот конзулат на Украина. За почесен конзул е избран Сашо Наумоски, директор на Витаминка Прилеп.
Церемонијата започна со интонирање на Националните химни на Република Северна Македонија и Украина, по што пред присутните гости и истакнати личности од Прилеп, се обратија градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, претседателот на Лесја Украинка, Олександар Урбанович, претсесателот на здружението на почесни конзули, амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Н.Е. Лариса Дир, новоназначениот конзул Наумоски и претставникот на Цивил, Џабир Дерала.
По говорите следеше потпишување на Договор за вршење на функцијата ПКУ.
М. Д.
Фото: ЦивилМедиа