ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Ковачевски: Поединци, партии и групи финансирани од трети страни не сакаат да го видат регионот интегриран во ЕУ

February 19, 2023 15:37
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека после 17 години чекање, Северна Македонија ги отпочна преговорите со ЕУ и тие преговори се започнати како и за сите други држави, со скрининг фазата.

„Ние веќе отпочнавме со билатералниот скрининг каде поглавје по поглавје, сектор по сектор, ресор по ресор се разгледува нашето законодавство, примената на законодавството, примената на институциите итн. Самиот скрининг процес тече во насока на завршување според планот, некаде пред крајот на оваа година. Позитивни сигнали доаѓаат од Брисел, од нашите преговарачки тимови дека процесот ќе заврши во најдобар ред, а тоа значи дека на крајот ќе добиеме извештај во којшто точно ќе се знае кои области треба да ги унапредиме, кои закони треба да се направат, кои реформи треба да се спроведат во државата“, кажа Ковачевски во интервју за МИА.

Тој додаде дека што се однесува до самите преговори, државата не преговара со Бугарија, туку со ЕУ.

„Не би ги коментирал изјавите на бугарските политичари, бидејќи тие се наоѓаат во кампања. Така што, тие за секој глас се подготвени да дадат било каква изјава, со оглед на тоа дека се константно во избори и се обидуваат да собираат гласови на секои шест месеци и затоа не би ги коментирал изјавите ниту на нивниот претседател ниту на другите кандидати за други функции во Бугарија“,  истакна премиерот.

Според него, кога во Бугарија имаше политичка Влада, а тоа беше Владата на премиерот Петков, односите со Бугарија биле унапредени на исклучително високо ниво.

„Се разговараше на теми кои се однесуваат на иднината. Вие знаете дека имаме работни групи кои разговараа за инфраструктурата, за евроинтеграции, за образование и култура итн. И како резултат на тие разговори и атмосфера која се креираше успеавме да постигнеме договор со сите 27 земји членки на ЕУ и да ги отпочнеме преговорите. Во моментов и во Бугарија и кај нас има поединци и групи па и политички партии кои не сакаат да го видат регионот интегриран во ЕУ. Тие поединци, политички партии и групи за жал се финансирани и поттикнати од трети страни, односно од држави кои исто така не сакаат да го видат регионот интегриран во ЕУ. Тоа веќе на сите им е јасно. Затоа на официјалните институции и на Бугарија и на Северна Македонија им останува да продолжат со комуникација, која комуникација треба да се базира на институционална комуникација, на задржување на достоинството на институциите и граѓаните на двете држави и доколку продолжиме во таква насока, тогаш ќе имаме односи со соседна Бугарија исто како што имаме и односи со соседна Србија, Грција и со Албанија. Исто така би сакал да истакнам дека нашите односи со Бугарија имаат и друга димензија. Тоа е економска димензија. Димензија во соработка во однос на стратешки проекти, да не заборавиме дека во време на најголемата економска и енергетска криза заедно со бугарските власти успеавме да го зголемиме капацитетот на единствениот интерконектор кој во моментов го имаме и со тоа да се овозможи либерализација на снабдувањето со гас на државата. Тука секако дека помагаа и други партнери од НАТО, пред се САД во делот на подзаконската регулатива, во делот на водењето на преговорите за зголемувањето на капацитетот на самиот гасовод којшто оди преку Бугарија во Северна Македонија. Тоа се исто така се теми кои се значајни за граѓаните на нашата држава меѓутоа значајни и за соработката меѓу двете држави. Доколку работиме во таа насока, на теми и на проекти кои ги зближуваат граѓаните тогаш јас верувам дека и односите меѓу двете држави ќе бидат на ниво коешто е достојно на две соседни држави кои се членки на НАТО, партнери во НАТО и кои ќе бидат партнери и во ЕУ наскоро“, рече Ковачевски.

 

 

Tags: Димитар Ковачевскиинтервју
Next Post

Како опиумот е вбризган во историјата на Македонија?

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk