Јутјуберот Стефан Лазаров преку својот Фејсбук профил се огласи за скандалозното видео во кое новинарот Драган Павловиќ- Латас раскажува како изгубил невиност на 14-години откако некој негов повозрасен другар му дозволил да има однос со неговата девојка во „фиќо“, откако тој претходно „завршил работа“.
Претходно новинарот истакна дека тој негов пријател бил „насилен кон девојките“.
Лазаров повика да се погледне подкастот во кој Павловиќ „во ниту еден момент не вели дека некоја девојка била силувана“.
– Жално е што се крева лажна хајка и се оцрнува моето име, но кога некој покренува иницијатива со вакви сериозни обвинувања, фер е да се изгледа видеото и да се види дека ситуацијата била сосема поинаква и не станува збор за никакво силување. Никогаш не сум дискриминирал ниту пак сум подржувал изживување врз женскиот род. Јасно ми е дека живееме во држава во која се чека момент некој да биде уништен, и немам проблем со тоа, но да прифатам дека сум подржувач на силување нема никогаш – напиша Лазаров.
Претходно самиот Латас излезе со објаснување дека не станува збор за силување и промоција на насилство, туку за обид за негова стигматизација.