Основниот кривичен суд во Скопје во 2022 година има решено над 107 илјади судски предмети, што е рекорден број во последните 50 години, но напливот од околу 110 илјади нови предмети резултира со минус од околу две илјади предмети, на што се должи и оценката „неажурен“ на Судскиот совет.
Од Кривичен, на денешниот брифинг со медиуми, посочуваат дека во 2021 година имале 104 илјади завршени предмети и оценка ажурни, а сега со повеќе решение предмети и помалку судии се оценети како неажурен суд во Извештајот за работата на судовите во 2022 година.
– Сега имаме помалку судии, а повеќе завршени предмети. Треба да има 75 судии, а во моментот има 46 судии, нагласуваат од Кривичен суд.